решен (прид.)
- Ама признајте дека сте Хрватка и решен проблем - добронамерно шепна чекачот зад мене. - Не можам - реков.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
Бугарите можат да се утешуваат дека прашањето за народноста на Македонците е решено во нивна полза.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Да имаше меѓу Словените во Македонија национално и религиозно единство и да имаше сознание за нив во жителството, досега наполовина ќе беше решено македонското прашање.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Знаменитост несомнено претставува стоковната куќа изградена од алуминиум, која е затворена од сите страни а прашањето на светлината е решено многу успешно.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Бидејќи каналот бил готов, било решено да се одвои неопходната количина динамит за минирање на Банката.
„Солунските атентати 1903“
од Крсте Битоски
(2003)
Те погледнав свету И мрачен ти беше (божем погрешен) Црно на бело крстозбор решен Кон светлина божем почна да идеш Но рабови тенки, кршлива рамка И овде-онде-пак црна дамка Те допрев потоа за сигурна да бидам Дали по патекава мека и тенка Можам воопшто на кај тебе да идам Или мене само така ми се виде А по текот твој и други видов нешта Девојка невешта по истиот пат Со мисли во облаци чекори кон Ад Со допир стаклен и смирен поглед Ко кукавица птица в незнаен лет А зад неа: надзирам јас со двоглед: – гледам кристално јасно низ овој проѕирен свет! 2001
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тивкото ветре што струеше од реката го зафаќаше мазното лисје на мамутските тополи што долги години самееја спроти тврдината небаре решени да ја надвишат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Бригадата на Мечета беше тврдо решена во овие последни денови да го освои знамето.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Тој веќе цврсто беше решен да не го отстапува станот но не беше расположен за карање и расправии.
„Било едно дете“
од Глигор Поповски
(1959)
Свесни за својот долг кон Татковината, тие беа тврдо решени да изгинат сите, до еден, но да не отстапат ни педа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Се чуди со ужас и денес албанското племе што јунак татко ти беше; со славата побратен, сердар, тој целото време беше на херојство решен.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Се разбира, ова ќе наиде на лош прием кај месната власт, решена да ја совлада белата контрареволуција...
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Со разденувањето стравот се распливнувал. Луѓето ги криеле очите еден од друг и биле повеќе неми отколку решени да го признаат ноќниот пораз.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го избакна уште повеќе крштеничето и стана, си киниса, решена по секоја цена да исткае и таа такво „чудо“.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Долгото пешачење по градот и не се чувствува, зашто и понесувањето многубројни впечатоци од излозите, од знаменитостите, од убаво урбанистички решените скверови, алеи.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Ги затворија сите надворешни врати, решени да не ги отвораат до пролет.
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Збогум за навек, народни предавници! — плукна пред Бориса и се оддели од нив, цврсто решен да не го остави народот во најтешките страдања.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Пред очите наши, затрепкани в уплав, тој беше демон што сечеше тела; на одмазда гласник да казнува секогаш решен насилни, пљачкашки дела.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
И потем легнав под дрвото; бев решена да му исполнам на тоа несреќно будалче сѐ што ќе посака; го открив сосема стомакот, и тој почна со својот ритуал; сипуваше по неколку капки во папокот, и потем со јазикот ги лижеше.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Загатката беше решена дури другото утро кога, минувајќи покрај истата ограда, погледнав преку неа во дворот и забележав мали куќички, за маалските, „безспризорни“ мачки.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)