рипне св.

рипне (св.)

Глувченцето залазе исплашено по клупата, задушка ѓаволесто со носето по трошките и се обиде да рипне преку работ на клупата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Во тој момент куклата се истргна од нејзината преградка и рипна на отворениот прозор.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ми иде да се врипнам и да се обесам на гранките.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не гледаш ли како рипнале на мене како црни сотони од пеколот?
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Рипнале сите просто и на врата в куќи го пречекале, сите плачејќи го избакнале и здраво и живо сториле, а Силјан им бакна на татка си и на мајка си десница и проштење им сака за клетвата што го втаса.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Не додржав и рипнав ко мачка на прозорчето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Очињата им се оѕверија, се затаија во себе како мачки пред да рипнат на жртвата, но истовремено сфаќајќи ја својата немоќ и се оладија.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Рипна како попарена и отиде право во земникот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Срцето му затропа силно и рипна на нозе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Кога му дојде мисла оти покрај жена може да го обрадува и со некое детенце, за малку што не рипна од постелата да го зграби дедот Петка и да летне, да ја земе Доста и да се најде дома каде ќе го гледа тоа дете, ќе го хране и подига, ќе биде и тој татко како сите среќни луѓе, ќе се радува на тој негов створ и ќе умре на неговите раце.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ќе види некое пиле да го прелетува и тој ќе рипне, ко потполошка, потплашена и ќе трча по пилето.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ќе рипнам во сонот, ќе се тргнам од занесот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Немој да лажит некого умот да прескокнат, да бегат, зашто ќе рипни на јатаганите и ќе истурит цревата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Тогаш рипнаа Хаџи Ташку и неговите и кој знае како ќе завршеше сето тоа да не се замешаа џамбазите и Богатин.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Чинела дојди мечката на потокот, велеше татко, да се напие вода или да се искапи, велеше, а крмакот ќе се затрча и ќе ја шибне одзади со секачите, со 'рпалата и мечката ќе рипне, велеше, ќе почне да бега, ама дека нема многу време за бегање, велеше, ќе се качи на една бука.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Но кога со врел скок летото рипна во нашата градина, тревата почна да жолтее, а земјата да се суши. Растенијата беа жедни.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
И Емин, што рипна во реката Дримот та чија матица брзо го свлечка бидејќи со невооружени врази, а пијан некогаш беше се спречкал.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Мусли бег не беше подготвен така брзо да го прифати предизвикот на Дамчета, но и не сакаше неговите да помислат дека се уплашил, па, не испуштајќи ја пушката од раце, рипна од коњот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сиве рипна од масата и се загна кон Тодора, уверен дека е некоја шега, какви во разни случаи правеа мариовците еден на друг.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да бев сигурна дека е Горачинов може ќе рипнев, ќе се прелажев. Вака ништо.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Повеќе