ритче ср.

ритче (ср.)

Позицијата, лево од тука, ритчето што го пулиш - осумнаесет старци го држат.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Низ треперливиот дожд нејзините збунети очи за миг се задржаа на розовиот флокс, потоа се свртеа кон високите сини ралици и потоа се спуштија на жолтото ритче од маргаритки.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Во тие неколку дни Силјан го испрошетал сето поле Прилепско и извидел секое долче и ритче.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Испресечена рамница од суви бразди и ритчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На десетина, дваесетина дена, пробивајќи се по обични колски патишта, пресечувајќи неразгазени долинки и ритчиња, газејќи низ грмје и папрати, шумарот ќе се појавеше со својот џип да ја надгледа гората или да маркира дрво за огрев или граѓа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Почина ноќе и на гробиштата под ритчето ноќе во плиток гроб беше погребот. Не даваше скрката подлабоко да се копа.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Има среќа Пеличка, си вели во себе баба Перса, а Пелагија е принудена да се врати во годините наназад и да стигне до она ритче во средината на селото Долнени од каде се гледаше куќата на убавата и питома учителка со мал дефект на едната рака, која, заради ујот на Ангелина да расипува животни радости, не му стана жена на младиот претседател на селскиот Одбор!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Таа отсекогаш ги сакаше цвеќињата и се восхтуваше од нивната разновидност овде, на нивните необични форми и бои, но сега еден вид мијазма надлетуваше над ритчињата од флокси, над купчињата од маргаритки и над куполите од шипови.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Ја избриша потта од чело и му се обрати на офицерот за врска: - Земи одделение за врска и веднаш да воспоставиш команден и телефонски пункт на ритчето надвор од шумата во Лобаницко со директна телефонска линија со Фалцата и Косинец.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со чувство на вина што не се простува, ноќта се распаѓала на резенки и претставувала уште само сенка на ридови и на ритчиња, премногу косопасни и соголени од чифлигџии и селски копуци за да минат запрегите низ шума или да се присокријат негде призраците на Самоиловата коњица, или на Крум или на Душан, или на кој и да е војувач на ова парче земја чиј народец го проретчувал кој како ќе стаса, најпосле врз неговата тиква да се струполи и топузот на Бајазитовите потомци, тој топуз да ги потурчува каменот, земјата и човекот со тапија потпишана одлево надесно и да граба од 'ржена слама машки деца - подоцна под сабјата на младите јаничари да дојде понекогаш родниот брат или татко, ни колачот ни закланиот да не знаат дека крвта пролеала своја крв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога тргна по неа, Винстон виде дека се наоѓаат на една природна чистинка, едно мало тревнато ритче опколено од високи млади дрвја кои целосно го затвораа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Над нив облак - снег фучи и грми, ги покри и ги израмни и трапиштата и ритчињата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Заедно растеа, заедно во едно лето пред седум или осум години ги откриваа убавините и привлечностите на планината, трчајќи, скокајќи по ритчињата и полјанките.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Една вечер се забавивме со Земанек на тренингот. Дојдоа да нѐ гледаат некои девојчиња од гимназијата, но и од текстилното школо, и ние беснеевме на мотоциклот, еден по друг: првин Земанек скокаше од ритче на ритче, а потем јас возев на едно тркало.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Знам од книгите за него, дека и тој копнеел по едно парче земја во поодминатите години, императорот кој создал закони и на граѓаните им дарувал милост, сакал да се повини на копнеж стар, дури телото сѐ уште му слугува, да се врати во познат предел со песок на ритчињата, со хумус под сенките на боровите и да го чува парчето земја како што го чуваат селаните своето, ако треба со секира.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Голи биле ритчињата, можеле да се доголат и планините - утре ни беговите не ќе најдат дрво да обесат осуденик, ни копуците ќе најдат гранка да му го скршат вратот на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Целиот простор вдолж ритчето кон Стрежен и надолу по долината кон Црноеч, беше полно народ.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Го почувствував мирисот на морето и дури и го видов, далеку зад ритчињата на југ. Лебдеев како птица.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Во командниот пункт на Третата дивизија што пред малку е поставен на ритчето над селото Попли, остро заѕвони телефонот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
BODY Златножолтиот сок од портокал се лелее во чашката осветлена од сонцето; густ и сладок карамел лази по ритчињата розев сладолед; патентот на фармерките со остар звук, се повлекува нагоре, кон папокот оросен со златести капки пот; сочниот задник го покажува својот крушковиден облик; капе густиот ketchup и ја намокрува жедната тестенина; бисерните заби се забодуваат во јаболкото со сочна експлозија; водопади од свилени локни се сливаат низ нежни женски раменици; овесни снегулки со нечујни експлозии паѓаат во млечно море од порцелански брегови; и сѐ е така juicy, и сѐ е така crispy, ммм, и сѐ е така crunchy, мммм, и сѐ е така fluffy, мммм, и сѐ е така delicious, оххх, и сѐ е така irresistible...
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе