родителство (ср.)
Неосновани причини за откажување на договорот за вработување се: 1) членство на работникот во синдикат или учество во синдикални активности во согласност со закон и колективен договор; 2) поднесување тужба или учество во постапка против работодавачот заради потврдување на кршење на договорните и други обврски од работниот однос пред арбитражни, судски и управни органи; 3) одобрено отсуство заради болест или повреди, бременост, раѓање и родителство или нега на член на семејството; 4) користење одобрено отсуство од работа и годишен одмор; 5) отслужување или дослужување на воен рок или воена вежба и 6) други случаи на мирување на договорот за вработување утврдени со овој закон (чл. 77, ЗРО).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
- Откога ќе се ожени и оплоди, покрај принципи, концепти и авторитети, доаѓа многу цврстата рамка, родителството, врзувајќи го за своето чедо, го оградува јаремот – родител, речиси до крајот на животот – зборуваше старецот. – Таквиот човек, окован во стеги, не е свој.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Одредени подобрувања во поглед на работничките права имаше кај следниве сегменти: беше проширена забраната за работодавачот при склучување на договорот за вработување да бара податоци кои не се во непосредна врска со работниот однос; дојде до зголемување на правата на работничките по основ на бременост, раѓање и родителство; се зголеми времетраењето за кое работодавачот исплаќа надоместок на платата на работникот за работа поради негова болест или повреди од 21 на 30 дена; се воведе можноста репрезентативните синдикати да именуваат три претставника во Комисијата за утврдување на репрезентативноста, а дојде и до незначително намалување на висината на глобите за синдикатите и нивните здруженија на повисоко ниво.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)
Велеа, дека чинот на раѓањето е само чин, вистинското родителство отпосле доаѓа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Работничката ова право може да го користи во најмногу три дела, а доколку повторно забремени, не го губи правото на надоместок на плата по основ на бременост, раѓање и родителство (чл. 2 од ЗИДЗРО/дек.13).
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“
од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски
(2015)