ромор м.
ромори несв.

ромор (м.)

Само наслушнував и, се сеќавам, секој надворешен шум, дури и шумот на една тревка, ми се чинеше пресилен и дека ми пречи да го слушнам длабокиот, скриен ромор на водите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога се доближија до самиот брег и се слушна роморот на брановите што надоаѓаа, Али Фети му се обрати неочекувано на Татко.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Чистотата на дворот, редот во него, кошниците со пчели, роморот на манастирската чешма, чинам, ме погалија, ме сталожија“ (Сестра Ангелина).
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)