росен прид.

росен (прид.)

УТРОТО НАД НАС Од далечнините модри се веат на с'лнцето златните далги, од далечнините модри се леат на утринта росните влаги.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Но тија росни утрини пресни копнат во гради и тлеат.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На ливада росна го чекаш ти мај ништо не превземај пивото дај целиот живот кичмата виткај ти пак во Сарај, а тој во Дубаи
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Сликата ти е недофатна божја, сатанска, бесмртна бела, охола ало, лакома суето, Киту твојата јасна росна јарост крвавиот рев вресот на твојата пена - грбна лавовска локна зборот може поверно да те опише од било која икона, лажен идол -развратен знак на китоловците- Милосрдна срж, срцевино, божилаку казни ги поганите: скриј ја вистината ‘рскавицо на покајанието послушај го умот на бога Магу, уживач на морски бездна - утробата на светот Цицалче големо лицето исцели си го од длабочини, Ламјо совршена прскава, мрсна, врела, отровна...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Не пристигна свршеникот си мртов да го кити со росен погребен букет, бидејки не тажат во Река момите, па нити го видел тој срам овој свет!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Од некаде пресели во градината и полжави, кои секое росно утро ткаеја сребрени ленти по зелената трева.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
По утрини росни, по мугрите пресни, наведени ничкум по полињата родни зачмаени ние го береме.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Муграта беше ладникава и росна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И последните лисја се одронаа од пазувите на спасителот, и оро развиори А ноќта ко уплашена срна се стутка зад голите карпи Росно утро, врз моето чело, во хаосот на мислата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На италијански јазик Челебијата поправи разговор со слугите и си влезе со Нешето да си ја продолжи својата утрина работа, да се погали стариот со младото росно робинче.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Да појдеме чекор напред да појдеме чекор кон тебе во росните утра а распеаната пролет да ги собереме најубавите цветови роса и мајска вечер цвеќе и зеленило роден ден и празник да ги испееме најновите песни за тебе татковино, за твојот роденден!
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Влажните росни капки, посипани со зелената и сочна трева, почнаа да блескаат како бели бисерни зрна.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- ти се молам, мила ќерко, поврати се дур е време - оти ти си многу млада - многу млада росен цветец - ај, погледни уште еднаш - проговори уште еднаш - да ми дадеш проштевање - на мајка ти некадарна - од болките да те варди - од болките да те спаси - леле, леле јас сирота - што сум била таксирлија - што ме најде небиднина - ај, со тебе јас да легнам - да те топлам, мила ќерко - како в земја да те легнам?
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Завлегоа потоа во темната корија, уште мемлива и росна од свежата планинска ноќ.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ел - Тепе в облак надвишил чело, шумоли тивко низ гора лист, мирисат росни цвеќиња в долој, ромори поток ко солза чист...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Те нема, мил мој... ама јас никогаш не сум ти рекла мил мој - немало време да ти речам - воздивна Ѕвезда и стишено си запеја - само темјанушката да ја слуша - Цвеќе се бере - дури е росно... моме се љуби - дури е младо...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Каде, Росе каде росно цвеќе мое, ја прашувам, си ги бришам солзите и одам по неа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зорите ведри, росни, студени во кои како бел килим маглата е послана по длабоките котлини, а облаците – црните носат долготрајни студени дождови, што доаѓаат нагло со многу силни и долги грмотевици и нивниот одглас долго се пренесува низ долгите и длабоки трапишта, процепи и клисури.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Под врви Анди пасе лама Пека тато, мека мама Бела лама пасе сама Црна лама уште посама Пасе лама, клима глава Росна тревка в меше клава Пози мени, фотки, слава Чифте фрла, сегде мава Делник кротка, сиктер фама Празник бесна, чалам дама Алфа бета пиши гама Узда мека в селска нама Аздис лама прави драма Од сребро сака мека слама Да сркне само два-три грама Козја завист да крене блама Претка лама копа јама Уплав најде древна кама Доста чалам леле аман Скраја крвој аман заман Нејќе лама пиш пиш пиштако Нејќе клања ни ни никако Сака под врв Анди да е Огден Неш Заедно да талкаат пеш и да играат шеш-беш.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Росните капки, попрскани по тревата и буковите лисја, блештеа и се преливаа во безброј рубинови нијанси.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Повеќе