ртење (ср.)
Не растевте од нејзиното срце во очите од мермер не ја вселивте залудноста на своето пролетно ‘ртење Бевте немоќни. Оставивте сама да умира.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Но ќе ве упатам на искуството на билките во оваа смисла и ќе напоменам дека и тие веројатно на сличен начин постапуваат не само при ‘ртењето и при расцутувањето или во добата на плодовите, туку , за жал, и во појавата на неминовноста што ја означуваат нивните жолти украси на смртта.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Бев семче во премислување помеѓу неврат од мраз и 'ртење во таа пролет што допираше зелена само во соништата на треската.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не подозираше особено татко ѝ, дедо Иван, кој инаку знаеше како да ги зачува компирите од 'ртење.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Не може да се помири дека ртењето ќе трае девет месеци и дека треба да го роди токму во одајчето, во испосничката келија на Димостена.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)