руменее (несв.)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
На модриот пат, Патнику, на модриот пат на собирот од засмеани чудни девојки качувајќи се по нивните бедра како по огнови на модриот пат небото руменее.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Летното сонце печеше... Житата зрееја... Јаболката почнаа да руменеат, а крушите да се жолтеат...
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Замешаната крв што се слева од очните дупки на јунаците во медни оклопи, додека во расечената зеница им ’рти ново семе, ја руменее реката, и бојниот извик, и претсмртниот ропец дополнуваат, заминуваат вплетени меѓу брановите – гордиот гнев на убиените што го надминале хибрисот, сега споен, белобрадиот ветеран и огненото момче, во вечната прегратка на Хароновите води.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сивите фасади почнуваат да руменеат како прв пат бакната тинејџерка.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)