саксофон (м.)
Волшебна песна ме носи во црвен виор, а ти знаеш - јас го сакам саксафонот. И гитарите.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило на крилата белина.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Бебето мораше да биде разбудено. Звуците од трубите, саксофоните, тапанот и тубата одекнуваа во кругот на целата болница.
„Азбука и залутани записи“
од Иван Шопов
(2010)
Замисли - тие немаат ни национален идентитет, а богами ни национална македонска валута, па на саксофонот си ги плаќаа нарачките со евра.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Ги сметав за богови; нивните соло партии ги свиркав со устата воодушевувајќи ѝ се на инспирацијата што ги создала; но кога научив да свирам саксофон, кога технологијата на свирење (на дишење и работа со прсти) веќе сосема беше совладана, таа магична аура околу нивните солоделници сосема исчезна: јас видов дека таа совршеност во огромен дел се должела на техниката на свирењето и дека некаде, токму техничкиот потег на прстите, уиграната техника на дишење (неможноста да вдишеш двапати по ред без да издишеш) била таа што решавала цели пасажи од мелодиските линии.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Реков дека пишувам песни, одлично вежбам на разбој и дека свирам саксофон (младите во тие години мислат дека се сестрани) и дека од тие три нешта ќе изберам едно за моја професија.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило, на крилата белина, сјаат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Побарав од Земанек да отрча до кај мене дома, да ми го земе саксофонот и да ми ги спакува неопходните работи во торбата.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
- Не сум шупелка. Не сум саксафон и не сум труба. Глас сум со достоинство, со разум.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
Никогаш повеќе јас не можев да се насладувам со свирењето саксофон како во времето пред да научам да свирам; така е и со љубовта: штом се совлада технологијата на љубовта, исчезнува митската претстава за спојувањето на мажот и жената како нешто што се случува на неопределен и слободен начин.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Се сеќавам дека, пред да почнам да свирам саксофон, се воодушевував на извесни прочуени мајстори: Чарли Паркер и Вејн Шортер, на пример.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Дури, јас и Земанек сонувавме да направиме некаков џез-состав: тој одлично свиреше пијано, а јас саксофон; имаше во гимназијата и едно момче што одлично свиреше контрабас и ние планиравме со него да направиме трио.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Кога Земанек дојде, му го предаде саксофонот и куферот; тоа беше истиот овој куфер во кој сега е пронајден и романот, и дневникот на Јан Лудвик, како и тие неколку книги што Лудвик ги читал.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Го претепа, и јас и Земанек го изнесовме од училиштето (подоцна Фисот беше сменет поради тоа и доби укор пред исклучување и од Партијата, но веќе сѐ беше готово, оти Лудвик веќе нѐ беше напуштил); тој го замоли Земанека да претрча до кај него дома, да му земе една торба со алишта и да му го донесе саксофонот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
И забележав нешто чудно, нешто што не ми даваше мир: саксофонот задоволително ја изразуваше таа наша народна песна; но тој ја изразуваше до одредени граници, и не понатаму.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Овците се претворија во згради, гајдите - во гитари, кавалите - во саксофони...
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)