салеп м.
салепчија м.

салеп (м.)

Ако ви се случи во подоцнежните ноќни часови да минете, се разбира, со кола, по убавата магистрала на Босфорската ривиера, тогаш гостољубивите ресторатери и хотелиери ве тргаат од колата и ве вовлекуваат во локалите или пак она што ќе го побарате ви го носат во колата, па и топлиот салеп, посипан со иситнент дарчин, кој овде насекаде се точи и пие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Седнаа, скрстија нозе, ѝ се насмевнаа утешно на подуената од плачење Калија, каснаа една до две леблебии и испија по чавче салеп.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Салепџијата, со калаисаниот ѓум во едната рака, а во другата со таблата со шарени филџани, викаше: - Ајде, ајде, салеп! Тазе, тазе салеп!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Со ќајата, ајак-ајак, почнаа заедно да пијат и салеп поросен со дарчин, а еднаш отидоа и заедно да ручаат во еден имарет заедно со сиромасите.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Сака да отвори дуќан за сладолед и шербет, и што иде со тоа: ашуре, сараклии, локум и салеп, боза, кадаиф и баклави.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)