самар (м.)
Куршумите свиреа удирајќи по дрвените самари на коњите одбивајќи се од нив.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Оглавите и самарите на нивните коњи беа украсени со поинакви монистра и везени веленца.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Ќе појдам на нива и скришум ќе ставам едно снопче во седелјето од магарето. На самарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Поарно самар на грбот да си ставам. Таа да ми влезе во куќава!
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се качи на самарот, се исправи и, држејќи се во левата рака за ногата на Ристета, со десната го зеде секирчето и замавна по ортомчето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дали му го занишавте самарот на коњот откако ја слегов ге невестата, вели, и дали го натуривте со вино самарот.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Самарот и товарот уште му стојат, а цревата истурени.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тогаш седнуваше со домарот над мангалот во кујната, кршеше од домашниот леб, сркаше од манастирскиот грав, мезеше од биеното сирење на вжарената маша, отпиваше од стомната покрстено вино и водеше најприземен разговор за тоа како не се исплатува да го држиш и да го раниш магарето зиме кога нема работа во полето, како е поарно да го пуштиш без самар во снеговите на планината да го изедат волците, а напролет да си купиш младо магаре па да му го главиш стариот самар и да си вршиш работа, оти живеачката е една, а скапа, а пак треба да се преживее, да се одживее некако.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
На самарот има дисаѓи полни со лепчиња, со кравајчиња, со поскури.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Тетка Анѓа потскокнува на самарот, се тресе под мишките, а ние зад магарето замавнуваме со стапови и го тераме што побрзо да оди.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Се почувствува слободен, одврзан, без нарилник, без самар пашито добитче, ждребе, јаре, теле. Не, не, нешто уште послободно: срнче, еленче, сокле кое не знае за никакво ропство ни ограничување; кое никој не може да го задржи кај што ќе сака да оди, по земја или по небо, преку планини, преку реки и мориња, на крајот на земјата и кога сака пак да си се врати во седелцето.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Дедо го донесе натоварено мртвото јаре на самарот од магарето Марко.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
Самарот е за магаре, а за ат треба седло шиклосано.
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Се нишавме двајцата во самарот, стиснати еден во друг, врели од возбуда која не смеевме да ја покажеме, та молчевме или само повремено ќе изговоревме по некој збор, за да ја свртиме трагата од возбудата за која бевме свесни и за која знаевме дека е забранета.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Вратата од дворот се отвори со шкрипеж, а потоа се зачуја коњски копита што тропаа по калдрмата; се покажа коњ на чиј што самар беше изизврзан човек префрлен како вреќа, а по коњот одеа две жени и калуѓерот што им ја отвори врата.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Сега старчето како да имаше чурилка: ја криеше својата сенка, чиниш сака да ископа желад со дерачи или со секачи а копа со коленици: не се извлекува туку бега кон гнилост на лисја, на мртви корења, брза да се сокрие пред некој да му фрли самар врз козинавиот грб и со занес на пијан јавач да го потера кон бездна.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Не давајќи глас од себе, го извади самарот од зад лежиштето и појде со момчињата кон стајата.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Тале го изнесе Дорча. Од едната страна на самарот му го обесија празното тенеќе од млекото, а од другата торбичето, во кое беше шишето со бензин.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Таму немаше чирак, и Бошко важно се дуеше, додека пазарџиите, дојдени да си купат нов самар или да го закрпат стариот, се шегачеа на негова сметка сѐ до попладне, кога веќе мораа да се вратат в село.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Самарот, тие години, му се беше вовлекол под кожата, поточно му беше сраснал со грбот, со плешките.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)