самодоволен (прид.)
Со воспоставувањето на самодоволни економии, во кои производството и потрошувачката зависат една од друга, битката за пазари која беше главна причина за претходните војни престана, додека конкуренцијата за суровини не претставува повеќе прашање на живот или смрт.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Но импресијата и експресијата кај нашава поетеса не стојат во некаков јалов, одн. „школски”, коректен, корелативен момент од кој се забележува некаква „гола акрибија” или евентуален обид да се испроба вештината на „стилските вежби” во зададен поетички формат кој би бил самодоволен или „самозадоволен” од апсолвираната лектира...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во таквиот самодоволен маниризам се најавува неговата агонија.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
Втората реакција се бесот и презирот кон стварноста и повлекување во некој свој внатрешен (виртуелен) егзил, исклучив и самодоволен, но би рекол, не баш толку среќен. – Стигнавме – ме прекина во невеселите размисли пријателот – новинар.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Зашто, во тој случај секоја од нив и понатаму би била самодоволен универзум, ослободен засекогаш од истрезнувачкото влијание на надворешната опасност.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Повеќето негови писма се самодоволни.
„МАРГИНА бр. 11-12“
(1995)