самоиницијативно прил.

самоиницијативно (прил.)

Оган се отвора по команда или самоиницијативно.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Против пресудата работодавачот, кој ја изгуби парницата, знаејќи дека не е во право не се осмели да покрене никаков правен лек и истата беше спроведена доброволно – а раководството на „Дервен“, поучено од овој случај и под страв дека тој би ги поттикнал и останатите инвалиди на трудот да тужат – самоиницијативно ги исплати и трошоците за исхрана на останатите кои беа во иста фактичка положба, а немаа покренато тужба за истите.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Со други зборови, сопственикот на претпријатието се обиде, а најпрвин и „некако“ успеа во тоа, да го убеди судот дека Јакшиќ делувал самоиницијативно и без никаков налог да го отстранува дефектот, но и дополнително да го убеди дека на објектот немало надреден работник кој му ја делегирал таа задача!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тој не само што од Рис не прифаќал пари за одржаните часови туку честопати самоиницијативно му испраќал пари, кога имал причина да претпоставува дека му требаат.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Сето тоа го направил самоиницијативно и по одредено време ги однел своите цртежи во компанијата каде веднаш го вработиле.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Иако, во рамки на аптеката имаше основано и синдикат на ниво на работодавaч, во кој работниците уплатуваa месечна членарина – тој остана нем сведок на овие непосакувани случувања, коишто резултираа со тоа што над 90% од вработените „самоиницијативно“ ги напуштија своите дотогашни работни места!
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)