самост (ж.)
Пред тие кални
дворови и наврнати копи човек посилно ја чувствува самоста и станува мрачен.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Јас: Во песната сум Тој: Летнат Вишен Огнодишен: Тој. отаде сонот мој Отаде мојата куќа Отаде светот Отаде сонот мој И некаде Потаму од нив: Уште чека Дур од века Зборот незгаслив. чародеј Во глава ми Лаком змеј: Ноќум бдее Песни пее: Ча ро деј. сам Знам: И во самоста Сакам да сум Сам. мисла Ништо не ме мами Ништо не ме зачудува Во мене гори таа И ме полудува. сликата. песната.
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Зборуваше тој тогаш со својата љубов, што
најблиску ја почувствува кога треба од неа да се проштава и да се помирува со старечка самост.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Го искористувам моментот на самоста да запловам во фантазија.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
„Слободен си ти само во себеси, во својата самост.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)