самрачен (прид.)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
2. Мојата приказна
„Стасав во последен миг, но сепак
го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш:
- самрачна светлост, неспокоен сјај
и јарка нестивната страст
која се одразува врз сѐ и во сѐ
и сѐ превреднува, како премрежје
- сетне, интензивен спој вибрации
збрани на едно место
налик на грст значења вкрстени
во еден единствен збор
(о, парадоксално блаженство
на хомонимијата -
си реков и почувствував
дека допираат до тебе
моите помисли, надтежнати од профаност
занесени по светост
изострени од долгото 'рвење
меѓу принудата и поривот
меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Но најмногу растажуваше сознанието дека секој разговор со него ме воведуваше во некоја самрачна просторија низ каква не бев навикнат да шетам.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)