самува (несв.)
Утрото влегува низ свечени портали на плодот Во сенка на моето дрво самува убавината.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Облечена во древната облека на утрото од рујни зрна сончевина Нанижани на танките и нечујни нишки на тихиот здив на птиците овде сѐ уште самува сенката на нејзиниот глас.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Како да знаел дека животот ќе го самува по планиње, па уште како дете научил да свири на кавал поубаво од секој.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Јас самувам сам И ти велам И си велам: Отровот во бои ќе го разлеам Виножитото во рамка ќе го зберам И ќе те создадам Низ нова фабула Во Големата Книга Што немее Со мене Во мене.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Самува сега Големиот камен запретан во огништето крај тланикот - тајна врата низ која одминуваат ветровите на историјата.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Остана само Мајка да самува среде татковите книги, за да го доварди последниот нивни редослед, оставен како аманет да се дочува што подолго.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
5.2 Јас не знам да војувам. Јас болувам и самувам И плачам за вас ближни мои И ви велам И си велам: Доаѓа часот да се прочита бескрајноста На морето Да се состават букви од скршените линии На хоризонтот, Да се седне на островот и да се самува Под осамено дрво Што говори со древен јазик.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
И ова беше мала калкулација на чувствата, за сметка за задоцнетиот одговор на мојата мајка, која самуваше на балконот со своите најубави цвеќиња во градот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Додека самувам Сам Во самица. Дрвото на животот го паметам Како дете во утробата на векот.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Црното млеко на ноќта Ми ја криеше раката Дигната високо, Превисоко, До патецот над челото на Мајка, На разделот на косите нејни Што сега ги плетам Сам во самица Самувајќи.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
4.4 Не, јас не плачам во мојата келија, Јас самувам во жарот од семето, Во одроните од време, Во острите засеци на светлината, Во Јас-твото Што ме именува со Смрт.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Оди сине, оди. Ме оставија моите, чиниш сираче, ме оставија, како птица откината од јато, кога одлетаа кон Цариград, ме оставија на брегов од Езерово, без нив да самувам, копнежот да ме срони.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Еве, веќе не самувам.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Утрово, самувам на дрвениот стол, кој сакаше да се сруши под мене, двоумејки се: дали да ме поддржи?
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
А тоа што не е Ах, тоа што не е Некаде самува И таговно Пее. кожата Црниот Кафез На моето Бело Пиле. кавал Блажена гранко Дрво, Низ кое се расточува Мојата Лелеава Душа: Кавал. од полен - болен Од полен Болен Од Билки Збран А Не- раз- бран. кој целееше во птицата Утринава Си го држам срцето в раце И Прашувам: Кој целееше во птицата Та мене ме погоди? се будам...
„Вечната бесконечната“
од Михаил Ренџов
(1996)
Волшебноста на Калемегдан ја врати Јана кон оној кој беше најголемиот виновник што таа, тука на белградското кале самува со тагата.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Бурата ќе се смири во океанот од лудории на твојата младост Јас ќе самувам, капетан со длабока старост!
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Сега и таа самува Со мене Во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Јас сум сам пред каменот Отворена книга Што самува во самица.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
Што се однесува до Јана, таа и сега седи во нејзината соба. Поточно во собата до мојата. Самува!
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)