саноќ (прил.)
Саноќ да се тресам да не знам што е на мене мое.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога престана дождот Саноќ младич си пееше негде низ полето и гласот му паѓаше како семе во влажна земја.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Око не ја фаќа
саноќ и везден
по рабовите
на неправилниот круг
на животот.
Некој ѕвони. Некој друг.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Саноќ офкаше на глас, проклет да бидам, минеше од спална во спална офкајќи на сиот глас само за да не спиеме и ние.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
И како ја пееме Така обѕивава болка толку гласно Саноќ за да потреперуваат, сончогледите.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Кажи: имаш потреба да се скриеш
од сѐ и од секого,
ништо и никој да не те гледа,
така ќе ти биде полесно
да излезеш на крај
конечно на крај
на светот
но барем кажи:
тогаш сфаќам дека
се претворам во некого друг
налик на говорна фигура,
и се гледам со очите на другиот
и не сум сама, не сум јас ...
кажи - очите на јазикот дебнат
саноќ, дебнат везден
јазикот е видовит
гата, прорекува и се провлекува
отаде времето
кога му се испушта да каже
нешто што не треба
кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Одеднаш се слушна звук на гитара и длабок машки глас како ја запејува „Саноќ седам Трено“.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И саноќ само на птиците помислувам со питагорејски молк: оние кои никогаш не запеале во туѓа татковина. Една од овие птици чука со клунчето на прозорецот и вели: ќе си запееме, заедно ќе си запееме... ***
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Што носи кога го прашаа Тој покажа врзана шамија со земја А кога му ја истурија заплака Татковината е тоа рече тој и саноќ грутка по грутка и прашинка по прашинка ја собираше.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Сине, вели, денес луњата го полегна полето, Ги откорна дрвјата и саноќ по месечина Како утки сами шетаа жените.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Потоната длабоко во мракот
- кој е всушност, битието на светлоста -
саноќ се напрегаш
да го задржиш во сеќавање
последниот зрак
и да не заборавиш
на себеси.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Денот беше многу бурен. Саноќ дуваше силен, дождлив ветар.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Саноќ. Нема ниту глас. Само занес. Ти и јас.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
„Идиот! Идиот! Пфуј!“ вика сувиот човек и се тресе сиот како пијаница кога ќе зацица крв, а тишината прска во безброј срчи и мислиш дека нема крај тој пискот, дека будилникот саноќ ќе цепи: иди-от! иди-от!
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Максим никогаш не бил таму, но од други слушал дека воврен во спилата со отворено очи спиел, а ноќе - саноќ бувта.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Слушаш, господару, вели Васил. Што, вели Максим. Уткиве саноќ кобат, вели Васил. А и оној од Камен саноќ коби.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И потоа? Заљубените се радувале, саноќ танцувале!
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)