свадбен прид.

свадбен (прид.)

Погледна во ќостекот што му беше свадбен подарок и кој сега го мереше времето во неговото одајче, закачен на шајка над неговото зглавје, но во густиот мрак не можеше ништо да види.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури ми даде цел нов комплет есцајг кој ѝ беше останал како дупликат од свадбените подароци.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Може да им беа свадбени дарови, а можеби од оние првите, што се фрлаат по река за умрените.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Но место да чуеш ти радосна свадбена песна -тажачка слушаш да пекам.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Сепак неколку жени го зграпчиле за мантијата и го напикале во тесна плевна заканувајќи му се дека со стапови ќе го испратат гол и со врзани раце до под самиот Црн Врв ако не престане да ги менува среќните мигови на свадбеното расположение. Не се шегувале, усните заканувачки им се кривеле.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Канејќи нѐ бочвата сите на свадбена вечер — врие од виното таа.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Тоа беше свадбена пролет и неа ништо, па ни неспокојот, разговорите и изблиците на војната што почна засилено да пламнува, не можеше да им ги одземе.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Четирите парчиња од крцкавиот тост, за кои тој знаеше дека беа потпечени во нивниот хромиран тостер, кој автоматски ги исфрлаше парчињата тост и што го доби од сестра му Зоја како свадбен подарок, содржеа четири одвоени неверства.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тарифите за свадбените почести се следниве: Бакнување рака од страна на невестата - 50 евра.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Сите останати адети и почести кои не се наведени погоре, можат спонтано да се одржат, со взаемен договор на обете страни, доколку се согласни, земајќи ги во обзир тарифите предвидени за свадбените церемонии.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
колку патрони чеиз му донесе на Горачинов, ми велат, да имавме ракија, вели Горачинов, ќе ве викневме на блага ракија, и ќе фрлавме пушки, вели, свртете на друго, вели Ристо Коларов, здравувајте нѐ в образ, бацете ни рака, вели, не го погоди моментот, вели Горачинов, историскиот момент, ова не е свадба, туку свадбено патување, вели, дури си млад сѐ можеш да кажеш, што се вели, сѐ ти се може и сѐ ти прилега, и јас гледам како се стемнува и како цело небо ни слегло во морето, сосе ѕвезди и сосе месечина и си мислам дека сме тргнале по небото, сме се закренале на некоја пловидба меѓу ѕвездите, целата сум зашумолена и пренесена некаде, некоја голема умора ми се обесила на клепките, ми натежнала во коските, нешто гледам, а повеќе не гледам, како до половина да сум заспана, завлезена во сонот;
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нервозата со еден збор произлегуваше од општото сознание што лебдеше во свадбено декорираната синагога во Данциг, дека младоженците безостатно треба да си заминат некаде на друго место.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таков е примерот со рибата лосос и со јагулата кои по мрестењето умираат; па и трутот кој со свадбениот лет умира, како и многу други видови скакулци и пајаци кои по оплодувањето угинуваат.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Пудриерите со камена пудра, шишенцата со парфеми, убавите чанти, свадбениот подарок од Френк, кој се состоеше од комплет четка за коса со сребрена заднина и еден чешел, сите тие нешта и други работи таа не им ги даде на своите ќерки, на кои Даниел би можел да ги види, туку на некои небитни познајници, каде што беше многу мала можноста неговите очи, кои секогаш ги гледаа тие нешта, да ги забележат.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Костадин вели: „Сите момински адети и сите свадбени редови ги земам на себе, само милувам Симка без пари, без пазарлак да ми дојде. Од чиста милост...
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Затоа, нашите храмови не се како свадбени постели, затоа нашите сеќавања не се сеќавања на сѐ и сешто, туку на она кое не може да го прескокне ниту една историја: Не случајно се повикуваме на Орфеј, неслучајно се повикуваме на Троја и на нејзините јунаци од пајонската, македонска земја, неслучајно се повикуваме на Александар Македонски и на сето она кое произлегува од основниот морал на вистината.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Рацете таа ги кладе врз Кузман... - „Се надевав - писна, - ој Кузмане, дека како младоженец в зора девојките ќе ми те облечат; тука ќе екнат весели, свадбени ора.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Во алхемиската традиција токму на свадбениот одар се извршува coniunctio oppositorum на парот Брат/Сестра (Крал и Кралица), и како таков тој му е сличен на алхемичарскиот сад во кој се слави свадбата меѓу Сонцето и Месечината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Креветот и комодата укажуваат дека се работи за спална соба и Duchamp ја набави таа цврста лимена спална соба откако со невнимание, 1914-1915, ја скрши нежната стаклена спална соба (свадбената ложница, да бидеме попрецизни).
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тој мебел го доби татко ѝ како свадбен подарок од неговите родители, брзо по преселбата во овој стан.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Повеќе