свесност ж.

свесност (ж.)

Прашањата од нивото на свесност ја охрабруваат индивидуата да го изрази и да го определи значењето на правците на развој кои се случуваат во нивото на акција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со инаетлива амбивалентност се обидувам да ги совладам сомнежите дека судбината не ги вмешала своите прсти во моите избори и одлуки и не би се случило она што се случи ако јас самата со целата присебност и свесност во моментите на рационалност го издлабував коритото по која тече реката на мојот живот.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Слика за себе За зачувување на сликата за себе потребно е да се ангажира десната страна на мозокот. Да се развие свесност и самосвесност.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Пирамида на положби која се одредува по степенот на свесноста.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тоа е затвор во кој ја напојуваме нашата свесност.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Според етички и морални ерупции, хуманистички параметри и животни концепти како и според некаква идеолошка ентропија, се обидуваме да изградиме сопствени верувања и ефермна вистина за смислата и целта на животот, под услов да бидат базирани на чувството на свесност за стварноста која не опкружува и во која живееме, чувството на светост и чувството на единство со сѐ околу нас.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Магијата на змијата и местото што беше обградено со ѕид, привремено ѝ ја избришаа свесноста за природниот свет што ја опкружуваше.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
РЕАЛИСТИЧКАТА УТОПИЈА, омеѓена со периодот меѓу двете светски војни, го доживеа својот врв кога тектонските сили на колективната свесност беа уништени од револуцијата на пролетеријатот во Русија и со подемот на Фашистичката и Нацистичката доктрина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Стоев, или лежев, со страв и болка пред тој запис, пред таа трага впишана во крвта, пред тој белег чие насетување започна со свесноста за разликата помеѓу моето тело и телото на брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Се чинеше дека колку поневолни беа неговите постапки, свесноста за она што го прави станува сѐ појасна.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Свесноста е основен показател дека животот е присутен – потврди старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Нашиот татко ни се приближуваше единствено кога ни ги раскажуваше животите на Ное, Јаков и Мојсеј преточени во детски приказни и налик на бајка, а и понатаму ни остануваше далечен, постојано свесен, како што се свесни некои од луѓето кои направиле нешто многу подоцна од мигот кога требало тоа нешто да го сторат, за разликата помеѓу едно и друго време; нѐ гледаше нас, своите деца, кои бевме помали од децата на неговите деца од првиот брак, и можеби таа негова свесност беше најголемиот јаз меѓу нас и него, јаз кој нѐ тераше да го викаме „татко“ а не „тато“, „татко“ кое звучеше како – „господине“; не годините, не верата која тој ја имаше а која нам не ни ја даде, туку свесноста дека нешто направил предоцна и тоа предоцна е преголем јаз, беше она што му даваше форма на згрченост на секој негов гест, секој негов збор го правеше да звучи како предупредување, секоја негова топлина ја смрзнуваше уште пред да се упати кон нас.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тоа беше нејзината изразена свесност, за сегашниот момент, толку јасно забележлива, што дури и најмал шум, создаден од околниот ветар, можеше да ја натера да мрдне со клепките и да ја промени положбата на лежење.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ако претпоставиме дека постои идентичност помеѓу структурата на текстот и структурата на нарациите или приказните коишто индивидуите ги живеат, и ако прифатиме дека е во наш интерес да ги градиме нашите животи преку нарации, тогаш би можеле да ги разгледаме деталите за тоа како индивидуите ги живеат своите животи преку нивото на акција и нивото на свесност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Низ едноставниот одвивачки образец на космичката еволуција, кој претставува вистинска историја на човечкиот род, а кој го сочинуваат: почнувајќи од геа- суперниорниот, атомите, Земјата како макроскопска материја, свесноста, преку менталното себство и универзалниот дух,па сѐ до квантниот вакум, можеме да се пронајдеме себе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е револуција на „главата“: настан на проширување на свесноста.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговата фасцинација од визуелната досетливост и богатство на духот кај децата, е поврзана со неговиот необичен личен однос кон сопствените спомени и импулси од детството кои што останатите возрасни така сигурно и претпазливо ги закопале вон досегот на свесноста.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тоа се остварува со висока свесност за потребите од материјалното привремено постоење.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Овој културен мем вклучува интелигенција, личен пристап до информации, антиидеолошко потпирање на здравиот разум, ментални вештини, зголемена свесност, интелигентен консумеризам-хедонизам, лични комуникациски вештини.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тоа се прави преку изведување на значење во нивото на свесност на тој начин што: ... верувањата и желбите на луѓето стануваат доволно кохерентни и добро организирани за да заслужат да бидат наречени животни определувања или „начини на живот“, и на таквата кохеренција се гледа како на „диспозиции“ кои ја карактеризираат индивидуата. (Bruner, 1990, стр. 39)
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Повеќе