светица ж.

светица (ж.)

Откако положи цвеќе и се помоли во незадржан плач пред гробовите на својата мајка и сестра, ќе положи, на чудење на сите, китка цвеќе и на гробот на диктаторот Енвер Хоџа, кој не ѝ дозволи на светицата Мајка Тереза да си ги види своите додека беа живи, а ниту да присуствува на нивниот закоп во Тирана.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Козите, како и за многу други мајки, во тие времиња беа сметани не само за спасителки на луѓето туку и за вистински светици.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Се случуваше како дете да влезам во Католичката црква во Скопје, која беше близу до куќата во која беше родена светицата Мајка Тереза и да забележам многумина од сребрарската работилница од источниот дел на градот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Папата... Папата е дојден по идеолошкиот пекол во Скадар, градот маченик, во кој било жртвувано две илјади години старото верување, за да ги освети првите четири нови бискупи и да го охрабри троверниот албански народ во повратеното верување, од чии недра се извиши до универзална добрина светицата Мајка Тереза.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ете тогаш, кога жителите на Потковица и на околните села ја нападнаа железничката станица, беше нашле една фотографија од Тањушка, во позлатена рамка, и дали од простотилак или од пакост и на подбишега, зашто го мразеа татко ѝ, за божем дека бил посрбен, ја прогласија девојката за светица и со нејзината фотографија напред носеа покрсти - одеа низ полето и молеа бога да падне дожд, за да ги наквасел полињата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Мажите беа средни по раст, витки, цврсти и не многу зборливи, жените пак, дотерани во свила и кадифе, со високи и натаврени шапки на главите, прилегаа на светиците и болјарките од фреските и иконите во црквите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дојде, конечно, стигна мојата светица, светна моето помрачено сонце, застана спроти мене и со глас позајмен од риданијата на Рахела, ме прекорува: А каде си ти да дојдеш да си ја видиш мајка?
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Не се правам ни светица, ни калуѓерка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Темна и широколика, подвиткана од долги и осаменички дни и ни малку светица од икона, таа се враќала со секира преку рамо од плевна.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Влезете да ја видите најголемата блудница која криејќи се зад маската на светица се вгнезди во нашава куќа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ниту нему му треба вода како вода, велат, ниту црква како црква, ни светица како светица, туку нему му треба, велат некни во дуќанон на Чанета, ние да клекнеме, да му бациме рака, да му оддадеме почест, а тој да стане пратеник.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Премила, златна светице, ти ја знаеш болката на секоја мајка, биди милостива и спрема мене”.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ќе ја натерам да се врати, мислел, зашто немал каде да ја води; таа, со спокојно и некакво чудно безживотно лице од работилница на мајстор што од румен восок може да измеси млада светица, го чекала задуван и зол како човек што е осуден да се соочува на секој чекор со призракот на својата необична младост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Не го спомнуј напразно името Господово курво сатанска. До вчера се макљаше со швалери, а сеа глумиш светица.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Можам да направам сѐ. Да бидам блудница. И светица. И маченик. И боемчина да бидам.
„Курвите на ѓаволот“ од Елена Велјановска (2013)
Светица - а мириса на лук. Безбожно плукнав.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ѝ кажуваше дека од истата болка боледувала и Ксенија Римјанка кога била девојка и Марија Египјанка, но собрале сили, се совладале, се откажале од сѐ и се покалуѓериле, му се посветиле на бога - и станале светици.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Место светица сум земал обична куртизана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Можеше да се рече дека Мајка, за многумина, остана светицата на нашата улица.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Трпезата на ѕидот во црквата беше поставена со леб, со риби, бокалче вино. И седеше тука осамена светица – млада и очајна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Повеќе