свеќа (ж.)
Ја привлекол поблизу торбата и си рекол: Чекај да видам какви се урмите? ... И запалил свеќа.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но тогаш мајка му запали едно парче свеќа и седнаа на подот да играат.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Јас молчам и горам ко свеќа запалена под некој голем црквен трем.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Запалив свеќа во темнината на храмот и си влегов во сопствениот мир.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
А и добро направив. Со својата посмртна моќ јас в час можев да се најдам среде гробиштата, ама намерно пешки заодив по патот што води кон капелата, таму каде што се подредени продавачите на цвеќе и свеќи.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)
Дарителот им дава бакшиш на свирачите, и влегува во црквата да запали свеќа и да му се помоли на светецот да му го возврати дарот со здравје и живот и напредок на куќата и семејството.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Трепнежот од пламењата на свеќите му ја бришеа трагата и намерата.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Филозофот ја држеше свеќата, напред, по него Лествичникот, и на крајот јас.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Студенилото на човековата душа се топи пред силата на љубовта, како што се топи свеќата пред силниот налет на огнот.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Се исправам и можам да видам дека свеќите раснат, се издолжуваат косо и ги обогатуваат драпериите со пламен.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На сон Севда се најде в црква. На патеката меѓу гробовите по која жените се враќаа од црква со запалени свеќи и се раштркуваа меѓу гробиштата секоја одејќи на гробот на својот близок да му запалат свеќа.
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Низ вратата и прозорците од црквата избуваше чад од свеќите и темјанот и миризбата се ширеше низ целиот манастир како да слегуваше од небото, од бога.
„Злодобро“
од Јован Стрезовски
(1990)
Кога ти го споменуваат нејзиното име палиш свеќа. Кога не мислиш на неа воопшто не размислуваш.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Ќе се истопи како свеќа, него работата го држеше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се насети светликава романтичност во нашите очи која се надополнуваше и засилуваше од отсјајот на свеќата.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Свеќата на изгревот догорува На сртот играат кентаури И јас веќе се врзувам За соѕвездието на плодот Што некој ми го ставил в рака.
„Век за самување“
од Веле Смилевски
(2012)
А како да не се отвори: на таа страница во болни риданија Рахела ги оплакуваше своите деца а дедо ми, наместо свеќа, тука оставил стракче мајкина душица кое во голема тага се сушело низ вековите и сочувало сила само тешките и позлатени капаци на Светото писмо да ги подотвори толку - колку да се чуе ужасот на пискотниците од Витлеем.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Наоколу мирисаше на догорени свеќи, на лански босилек, на пресна земја и на некоја старечка издишка што поминала меѓу расипани заби.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
На него секој ќе запалеше свеќа и ќе се прекрстеше, а потоа се поминуваше сред црквата кои другите два дрвени свеќници донесени од старата црква и поставени пред иконостасот.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Тие што не воскреснуваат гледаат под прозорците како одминува историјата И како догорува уште од пред три века некоја запалена свеќа И како расцутува сѐ со горчините на вјеки веков.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)