свие (св.)
Овде ние е местото. Гнездо да свиеме. Врати се дома...
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Метонимија На Иванка Со години и години и откако го сосекоа до корен стеблото во дворот секое утро тука долетуваше птица и застануваше во воздухот кружејќи точно на местото каде што во круната на некогашното стебло беше свиено нејзиното гнездо.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
II Ќе дојде тоа сончево клопче пролетта како што иде да свие сончесто гнездо во лисјето на нашите грижи а ние двајцата ќе сме два кротки два питоми рида во тој пејсаж од смев наполно наполно зближени Понекогаш ќе си тажна и уморно надвесена над таа лулка од страв зората додека заруди Ќе зрачи тиха светлина твојата приспивна песна барајќи крепка починка во моите очи будни Таа грижа по ноќите ќе ме грее и дење па колку беден ќе сакам мајко да ти речам оти може понекогаш помалку ќе си жена заради тој поток од сон што меѓу нас ќе тече.
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Откако Ленка остави кошула тенка ленена недовезена на разбој и на наломи отиде тутун да реди в монопол - лицето ѝ се измени веѓи паднаја надолу и усти свиа кораво.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ние свивме глава и не се викавме Срби за да не го налутиме агата. Тој не сакал да се викаме и Бугари; и Бугари не се викавме.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што се свила околу моето грло и не ми дава да плачам.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Тој се сви на местото и горко заплака...
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Но штом му го виде лицето - премале, се сви.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
- Стави ја раката врз челово, моли тој и излечи ми ја оваа брчка што за целата своја должина ми го сви 'рбетот кон земјата.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Сѐ додека неговиот последен неизвикан вик не му се сви во грлото, бессилен дури и за да одлета и нем.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се грбавел, умри, Лозане, умри Македонијо, од небото се спуштала преголема скрапла со премногу отров во свиениот опаш дури и за пет такви вилаети на пет или на петпати повеќе момчоци од шеснаесет години што исто така се мрак во еден мрак, грумак бол по своја врсничка, момчоци - синови на бекташи под дервишка ќулавка или на оние со парче руба околу половината, како пци со заби да ги измолкнале од сметиште.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Остана само писанието изрежано со сувата рака на Јеромонахот Захариј и молитвите негови над трикорабниот манастир, свиен меѓу седумте кипариси од левата и седумте од десната страна на брегот на морето кај Атонската Гора.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Сполај му на Господ, лицето на денот го држеше расмеано, ниедно облаче не застана меѓу нив и сонцето, што беше недосушено се исуши па така сите стигнаа да си свијат брлог за преку ноќ.
„Исчезнување“
од Ташко Георгиевски
(1998)
Сегде можев да свијам гнездо или да ги оставам коските, но некоја сила ме влечеше ваму... ми даваше кураж во сите таксирати...
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
Оставете, во ѕвездено небо гнездо да свијат Две птички во раскошната убавина на природата во опојниот мирис на занесот во разгранетото стебло на животот каде чувството на убавото се негува а мрачната мисла во сенка, тони во бездната на очајот...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Тука, се разбира, не ги вбројувам исклучоците (имаше во циркусот и една жена што можеше, лежејќи на стомак, да се свие во половината и нозете да ги префрли до лицето; често нѐ забавуваше пушејќи во таква поза); но во циркусот имаше и поинаков став кон техниката: најмногу се работеше на техниката при изведување на точките, а при изведбата на точката техниката мораше да се заборави; во спротивно, се плаќаше со живот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Таа би дала и фустанот да ѝ го извалкаат, и да ѝ го искинат, и косата да ѝ ја растурат и кондурите нека ѝ ги земат, само да може да се замени со малата кукла, што се сви сега во топлата прегратка на Маја.
„Раскази за деца“
од Драгица Најческа
(1979)
Ех... Затресе со главата тој, воздивна и се сви уште повеќе над иглата.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Талкач во мојата непроодна душа Си Ти Незгаслива жега, пеколна суша Си Ти Како солзи што в грло ме гушат Си Ти Како цвет на крајпатна дива круша Си Ти Како тихо ехо што в мисли го слушам Како вител спомени што ме рушат Граблива птицо плашливо молам – твојте номадски крилја ги свиј! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Тогива ќе да затрубат от небо седм труби ангелскии, и от тие труби ќе да се потресат небо и земља многу страшно, и ќе да падне слнце и месец и ѕвезди, а небо ќе да се свие како перде, и сите води и море ќе да се изсушат, а земља ќе да се запали да гори со силниј огин.
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)