свикнат (прид.)
Свикнати да те препознаат штом ќе ги одделиш од душата на ноќта гаснат огновите на новите соѕвездија или се кријат во корупки од воздишки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Отфлања од средината и јавно бележење? ... На ова нешто бев одамна свикната и без да направам реален престап.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Арно ама, секој од нас има бујна и млада невеста, чиишто плеќи и раменици се свикнати на тежок товар.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Таа живееше врзана во стреата, каде што ја беше преместил од поодамна дедо Димо, откако Стрела беше свикната на неа и веќе не ја напаѓаше.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Луѓето, како што тешко се привикнуваа на зимата кога долгите ноќи мораа да ги проведуваат во лежење, во здодевност, кога кусиот ден им светнуваше како бубачка и се губеше - така сега тешко се привикнуваа и на пролетта; свикнати на долго спиење, сега кога ќе станеа, се лутеа што многу порано пред да станат - веќе се разденило, сонцето се покажало, а тие не се фатиле за работа, не отишле по нивјето, не отишле во планината, не го спотерале добитокот на пасење.
„Јанsа“
од Јован Стрезовски
(1986)
Некако сме свикнати уште од приказните, таа судбина да ја сврзуваме со постарите сестри.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Стана и отиде на прозорецот, печката зад него беше усвитена од жар, беше слободен и отпуштен, свикнат и смирен во таа темничина, како полжав под своето самарче, без никаква желба за бунење, а неговото тело не бунцаше за ниеден ненаправен чекор, само едно тивко преместување во таа просторија, во таа долина, која сега ги тераше полека сите свои жители да се јават, како при некое чудно повечерие, да испуштат од себе по некој глас, секој по некој свој писок, или по некое будно око.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Оние што цереле со треви загнасени рани, косопас, очебол и секакви трески, веднаш знаеле од што е болен и молчеле отпрвин, и се пентареле по безживотен рид изморени од живот на кој не биле свикнати, и биле бришани од ветар.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
- Многу сум свикната со ова училиште и со овие наставници, - реков.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
И небото и таа земја, врзани со линијата на ридот зад урнатиот манастир, немо ги слушаа сите наши болки зашто беа свикнати на човечки мачења какви што беа нашите - само небото во тие мигови можеше да знае кој и како умира на земјата, тоа небо на светци со мртво лице на еден мртов Јаков Иконописец и таа земја во чии мочуришта живеат острозаби чудовишта.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Касапите, луѓето свикнати на колеж и крв, исто ќе останат занемени.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Може да ви се слоши. А таа: – Не, – вели – свикната сум. И го зема четвртото.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ме остави, после го остави и него.“ Не беше свикната да го види таков, мрачен и скршен.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)