свирне св.

свирне (св.)

Свирнаа сирените и нѐ собраа.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чекам да му свирнат од другиот крај на ходникот па да продолжиме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ќе изодиме еден ходник и ќе свирнат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тој свирна низ забите и се заврте кон мене со широко исклештено лице.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
А кога некој свирна со прсти и даде знак за молчење, Коле застана до стаблакот и прошета со очите по нас.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Одев замислен по разговорот со Ана кога некој зад мене свирна.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ги затворија вратите од вагоните. Локомотивата свирна и тргнавме по шините по кои јас појдов пеш.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Еднаш јас така, му грлев кошулче на Ангелета, и само што го засеков платното туку ми свирнаа во ушите, ми забучија во главата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Откако му свирнаа глогов кол во срце неговиот дух и понатаму телепатски комуницира со мене.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
И, додека се групираа во поворка во неколку реда чекајќи да свирне кларинетот, се подместуваа и погледнуваа во бовчите кои ги носеа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Ама и возот свирна, го кажа часот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И запомни: кога ќе свирнам трипати, не го сметај тоа за серенада и не воздивнувај.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кузман свирна низ заби и легна на земја.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Ај, си присторив. Па овој мене ми го свирна, си реков. Или ќе ми го свирнеше.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Напролет, предвечер, ќе свирнам со кавал, слушам славеј ќе се огласи, ќе свирнам пак - тој одново ќе се огласи.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Првин ме кренал Коле, ама само што ме префрлил преку рамена и еден куршум — фрп — да му свирне в теме.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Наеднаш некој свирна зад нас со познат знак. Се завртевме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Боге му свирна да се тргне од патот, но јарецот не се ни мрдна - само ја проследи со главата колата како го одминува, со поглед потценувачки ако не и пцувачки, па дури и не затупка со копитата по асфалтот.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Свирнал. Ежот, затреперувајќи во својата претпазливост, плашливо ја спроврел од игличестото кожувче малата муцка.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Очите можеа да му прснат, бабреа и побелуваа, усните болно се збираа, чиниш ќе свирнат.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе