свиснат (прид.)
Првин таму, а потоа свистнат во јазиците на водопадите кои истураат обоена топла вода.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Пламенот заигра со мрежестите шари и му го осветли долгунестото, збрчкано лице со ретките мустаќи свиснати надолу и слепени за сувите образи.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Само очите им се гледаат, оти лицето им е со брада завиткано, свиснато.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Натаму од прудолницата се е како бела тепсија заградена со волна на свистнатото небо.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
Тоа е чудна глетка: нож по кој блескоти разлеаната крв на сонцето и глава, на која вивти војнички фес, мустаќи набабрени, свиснати, што фосфоресцираат и сето тоа бавно се ближи кон него.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Градите ѝ беа свиснати; пупките изгледаа собрани од студот.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Друго немаше – градите ѝ беа свиснати како празни ќесиња на комарџија кој си го прокоцкал сиот имот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)