свиња (ж.)

Но свињите се загнаа по нас, живи ќе нѐ јадат.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таму го видов првото снесено јајце, првата заклана свиња и првото окозено јаре.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Сум видел јас и рис, и диви свињи. Мечка уште не сум сретнал...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Ќе ручаме а тие ќе шлапкаат ко свињи во копанка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со човечки тела во мојата земја го ѓубрат земјиштето, со нив хранат кокошки и свињи, со тела се полнат јами за да може еден ден повторно да никне црното, дебело семе на злото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
По малце време беа растанале сите од куќа и секој по нешто работа работел: мајка му фатила кравите да ги молзи, невестата му овците ошла да ги молзи, син му свињите и телците, прлињата ги испуштило за в говеда да одат, сестра му куќата фатила да ја мете и гнојот да го фрла.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Истата споредба важи за дивата свиња и мамутот.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во тоа време сите куќни луѓе биле по работа в поле, само Босилка била дома и како што си го низала ѓерданчето, го оставила на ругузина па станала да ги види в куќа свињите, нешто пакост да не сторат.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Во кочините започнаа да му се котат глувци гризејќи го салото од свињите и селаните ги уништија запалувајќи ги и кочините и свињите.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И со тој здив сум викала: гробари, свињи, сѐ што ќе ми дојде да викам, а да си мислам дека некој друг го прави тоа зад мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Секој ден има да се раѓаат клонирани деца кои на 3 години ќе дигаат тегови од 150 кила, ќе тепаат диви свињи со голи раце, а на 9 години ќе маваат по литар Балантајн.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
А таму: стадо од кокошки и свињи пасе меѓу стреланите.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А и подот е изгребан, небаре свињи да го копале.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секој првороден син бил убиван – му го сечеле главчето на новороденчето, го давеле во вода или го гореле во оган, го фрлале на кучиња или свињи.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Таа нова кујќа е една долга барака во која се чувала стока: во еден дел свињи, во друг краби, а имало и дел за коњи кои служеле за орање и влечење запреги.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Од свињите се забрануваше и сапун да се прави, се забрануваше и на кучињата да им се фрлаат, се закопуваа длабоко в земја или се спалуваа.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Свињата личи на слон, наоружена со закржлавени заби и рилка која е закржлавена сурла, со ситни очи помеѓу листовидните уши.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Се уништија сите свињи, но болеста не се сопираше.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Од долното било надолу е долни крај. Таму се јаслите каде што се врзуваат добиците и во кои раѓаат жените повеќе машки деца, каде што на гредите спијат кокошките, а под јаслите — свињето.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Повеќе