секојдневно прил.
секојдневност ж.

секојдневно (прил.)

Во старата зграда на гимназијата сѐ течеше бавно и секојдневно како порано.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Банана земја со стотици бАНАЛНИ АНАЛ-итичари кои секојдневно АНАЛ-изираа на секој кАНАЛ.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Метеоролозите секојдневно предвидуваат дека ситуацијата набргу ќе се подобри.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Милиони и милиони луѓе секојдневно стануваат и го заземаат своето место како шрафови во тој огромен механизам.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Оние мини сигнали кои по невидливите мозочни бранови луѓето секојдневно несвесно си ги упатуваат едни кон други, се послаби по интензитет од оние кои се праќаат со длабока концентрација на умот, медитацијата.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Секојдневно поминувам по неколку часа во градинава.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Самопрекорот е она што секојдневно го појадуваш.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Не знам каков е трендот во светот ама знам дека во Македонија постојано расте бројот на зависниците од интернет кои секојдневно се дружат со нивното височество фејсбук и скајп.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Ние - беше нешто премногу конкретно и нешто сосема нестварно, истовремено, организам кој нѐ препознаваше и во кој се препознававме, оти тоа, всушност, бевме ние, судбина наша и на многу други кои секојдневно се заплеткуваа во пајажината што ни стана порок и заради која како инсекти се заробувавме самите себе станувајќи му плен на црното страшило кое упорно чекаше во дувлото да нѐ зграпчи со своите канџи.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Обиди се, драги мој, да го сакаш оној што со години ќе мораш секојдневно да го среќаваш, да разговараш со него и да се дружиш.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Заморно работеше секојдневно, воден од поривот на чувството за богатење, но емоционалните слабости ги влошија односите со ортакот кој го бараше својот дел од долгот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Животот ме товари со полни бисаги страдања, та морав да ги совладувам премрежијата што секојдневно ми стоеја на патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Потсетување секојдневно е за тоа кој е кој, да не се заборави, безброј пати и без број.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
Иако тешко работеше секојдневно физичка работа, таа имаше разбирање со сите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Два миљона Македонци секојдневно ќе си ги ископаат очите како Самоилови слепци.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
За да не останам ментално хендикепиран секојдневно ги оптеретував моите мозочни ганглии како да возвратам на ударот и на сериозните напади врз мојата сива маса.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Преку весникот „Нова Македонија“ секојдневно се појавувале информации за правото на македонскиот народ за обединување, а посебно за борбата на Македонците во делот на Македонија под Грција.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Ликувавте над раните и модринките што секојдневно ми ги нанесуваше ти.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе