секта (ж.)
Кога ќе се почне од многубројните убијци, обични и необични крадци и провалници, коцкари и алкохоличари, морфинисти и секакви измамници и перверзни личности, па сѐ до случајни тепачи, незаштитени жртви на интриги, повлечени во себе но фанатизирани следбеници на учење и секти што ветуваат човечност, мир и братство таму каде што ги нема и не може да ги има, пишувачи на сатири што ги погодуваат властодршците, злојазичници и шегаџии, сиот овој затворен и заборавен свет живееше засебен живот.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Ја укина сектата на бекташите, а нивниот центар од Анкара се пресели во Тирана и тука остана до 1967 година.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Во Корча имаше евангелисти, потоа унијати и многу други секти од трите главни вери, но сите се најдоа под ударот на нашата атеистичка револуција.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Дека Партијата е вечен заштитник на слабите, посветена секта која прави лошо за да може да дојде доброто, која ја жртвува сопствената среќа за среќата на другите.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
„Младешки стравови“, си помисли, фаќајќи го повторно перото: „Браќа мои, седејќи тогаш со вас, јас ви кажав дека сум следбеник на учењето на Христа, она што многумина го нарекуваат секта, зашто знам дека така најдобро му служам на Бога, а тој Бог е оној истиот на нашите татковци, та јас сум тука не заради неверување, туку напротив, заради искрената верба во сето она што е запишано во Мојсеевите книги и во книгите на пророците.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Заради неа станував способна да ги отфрлам сите кланови, заедници, организации, митинзи, револуции, гласања и секти, а притоа да не се чувствувам загрозено.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Имаше во земјата и други муслимански секти.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
И тоа не беше сѐ : беше воспоставена меѓународната влада во Скадар, која го избра швајцарскиот франк како официјална монета, исламскиот Принципат или Пашалак на Есадистите, Емиратот на сектата на бекташите, со свој султан и главен град на планината Томор, сепаратистичкиот православен принципат, со главен град Јанина, надвор од границите на Албанија, Принципатот Орош, формиран и одржуван според обичајниот законик на Лек Дукаѓини и на крајот самата Република Албанија, чии место и покрај постојните утврдени граници не се знаеше каде се наоѓаше!
„Граница“
од Луан Старова
Во 21-от век, старите Јудео-Христијански-Муслимански секти сѐ уште ќе бидат наоколу, но ќе имаат мала моќ во споредба со забавувањето и уживањето.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Роза Регас се сеќава дека ја видела во трговскиот центар Ел Корте Инглес пред дванаесет години, со избричена глава, во портокалов свештенички фустан, приклучена кон некоја источна секта и во поодмината бременост.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ако ги најдеме, ќе го побиеме проповедањето на најголемата секта во светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)