секундарник (м.)
Личен и чуден, речиси чудесен е часовникот што го добив на подарок: секое помрднување на секундарникот ги привикува на купче сите наши лета и севезден ни прави патека до шумите на детството но ни служи и како упатство за употреба на преостанатите години.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Беа обележани само петтинките од секундарникот,кои најтенката стрелка нечујно ги допираше. 15-20-25-30...
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)