селанка (ж.)
А таа си живееше со малку, со сѐ помалку. Ќе си надробеше попара со млеко или со јогурт, ќе си направаше некаква непозната супа со секакви тревки кои ги купуваше од селанките на пазарот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Мисионерката и не претпоставуваше дека куќарката во која престојуваа е оддалечена само половина километар од најблиската воденица, и дека токму во таа воденица, три умешни селанки ги расукуваат корите за пити и ги готват сите оние јадења за кои таа имаше многу високо мислење.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Селанка сум, проста. Знам само како се умира од осама, така ли е, а?
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
А и селанките ми даваат некаква пресна маст да си го мачкам лицето, да ми омекне.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Кога во живеачката надоаѓа сиромаштијата широко зинуваат устите за мали залаци и погледите на луѓето папсуваат како оној на селанката од Пустец од чиј врзоп денеска никој не купи ништо - барем едно сунѓерче за миење садови, едно шише маслинов зејтин, една паста за бричење.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Во дворот млада развиена селанка.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Во рафтовите имаше наредено селски шамии за жени, шамичиња за на појас, неколку низи монистра, пулејќи за шамии и друга стока за селаните и селанките.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Јас сум црна Циганка, јас сум селанка, името ми е селско, јас сум од сиромашка куќа, сум проста, не знам за ред и чистота...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Но, нели е собранија, што ќе рече пред овие мили гостинки и одбор селанки? Не ќе ја напади, па да ѝ се смеат!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Селанка сум родена, селанка ќе си умрам.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
На шестото новороденче во таа година црните подбивачи сакаа да му дадат име Сирак, но попот го запиша во црковната книга како Никита Марко Проказник, на задоволството на Јага Перуника, им се тргаше од пат на разубавените селанки и со стара ракија во бокалче пред себе му раскажуваше на најстариот, на Богдан Јанков со козји уши и со господови тајни во себе, за природата, за Чарли Краков, за гасениците.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Селанки голи се капеа во реката, брзо езерце со песочно дно, смеејќи се со крици и покажувајќи си ги телата една на друга облечени во бледило од кое никнуваат поцрнети глави, раце и листови.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Спикерот продолжуваше: – Другарки и другари, селанки и селани, младинки и младинци, ни претстои голема сенародна акција.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Селанките ѝ завидуваа на Митра, селаните се поприсетија каде е работата, та излезе по некој збор кај пазарџиите, ама „кој чука туѓа 'рж?“
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Ме викна командатот на баталјонот и ми рече: Милке, тебе ќе те преправиме во селанка, ќе те качиме на еден коњ, ќе го товариме со дрва и ќе одиш во Прилеп, божем продаваш дрва, за да видиш каде е непријателот и да се распрашаш со колку оружје се наоружани.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Селанки од околните села, во старозамански руби, народните, де, месеа и печеа пити; понатаму завиваа народни пеачки, гласот им се слушаше до под половина Галичица..., а им свиреа свирачи донесени од Битоља... да ѝ биде весело на народната власт.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Да го прата на даскал, ќе ми се смеат виа орјатки, селанките.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
И му рекл татко му: „Чедо, нам требува да земеме девојка на наша прилика, а ти сакаш неја — не салт што е без руки, ами Бог знае каква е некоја сељанка и за кој кабахат ѝ отсекли руките Това ќе да ни е на срам.“
„Избор“
од Јоаким Крчовски
(1814)
Скоро сите нови попови одеа со магарето (за да изгледаат сиромаси) по селата и од куќа на куќа прошетуваа — за нов поп, а селанките ги даруваа што имаа: брашно, волна, јајца, кокошки, некој побожовен чорбаџија им аризуваше по некое јагне или jape, од кои на попчето после му се правеа булучка, ако немаше и свои по стотинадвесте глави, та со испросените се намножуваа.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
— Добро утро, сестрице Митро! — Ја поздрави Доста Митра, на која ѝ се стори овој поздрав необичен, оти нашите селани и селанки ретко се поздравуваат меѓу себе дома.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)