селски прид.
селски прил.

селски (прид.)

Јас бев селско овчарче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Исто така во полза на Бугарите ќе се реши и прашањето за јазикот во градските и селските училишта.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се гордеат и со спомените што ги остави селското културно-уметничко друштво кое со своите многубројни настапи низ цела Албанија и учеството на разни фестивали во земјата ја ширеше македонската песна и оро.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Види го ти него! Зарем мислиш дека другарот Захаријадис може да кажува такви простачки селски зборови?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мајка ми седнала на седлото пред војникот а коњот во кас го пресекол полето и тоа по оние тесни селски патеки по кои и воловските двојанки многу ретко заскитуваат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Којзнае не ли ѝ се чудел на глупавата селска тврдоглавост на тие луѓе со свои еднострани реформи и дејствувања за поткопување на темелите и сигурноста на неговиот поредок.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
На сцената се прикажуваше училиштен совет кој имаше да решава важни селски прашања.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И решивме – одиме. Возиме прудолу по тесното сокаче и по изминатите дваесетина метри со левите гуми заглавивме во буништето од кое со гласно кокодакање на сите страни се растрча јато кокошки и веднаш по тоа со силен лаеж не пречекаа селските кучиња.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Та се житце не зелени та се грозје не румени, та од пуста селска мака аир нема дур од века?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
На убивањето и на клањето јас му се преплашив во времето кога од Комитетот ни наредија да ги испотепаме селските кучиња.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И насмевката му е сиромашна ко посен селски ручек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Еднаш во неделата во селското кино се прожектираше филм.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Но вечерта кога со Филип чекоревме по нерамниот селски пат неколку пати се препнав ненаучена да одам на штикли.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Тогаш некогаш дојдоа и селските говеда, со кои оној акаше по планините, забирајќи ги од средсело уште веднаш по кревањето на росата и враќајќи ги во вечерите.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Годините и мачното селско минато ѝ ги замаглиле очите и затоа таа повеќе со срце го чувствува патот.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
А со првите знаци на пролетта, кога се топеа големите снегови и жолтиот гороцвет ги прекриваше селските ливади, селото повеќе не беше отсечено од цивилизацијата.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Ако селското население и сега си зборува како што си зборувало и понапред и зборува одред низ цела Македонија само на еден словенски јазик, – во градовите, редум со бугарските машки и женски гимназии и основни училишта; насекаде ќе најдеме и српски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Берела суви тревчиња по трапиштата и селскине врбјаци.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Десно од патот се двоеше тесен каменист селски пат, кој што водеше направо под планината.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
И така, првото нешто што ќе треба македонската интелигенција да го извојува тоа е: отстранувањето на недовербата меѓу интелигенцијата со разно национално и религиозно образование; обединувањето на таа интелигенција како во самата Македонија така и зад нејзините граници; заедничкото опсудување на општите интереси на Македонците; отстранувањето на национално-религиозната омраза; воспитувањето на Македонските Словени во чисто македонски национален дух; задолжителното изучување на македонскиот јазик и литература во средно-учебните установи во градовите со словенско население; обучувањето во селските училишта со словенско население на македонски јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Повеќе