сепак сврз.
сепак чест.

сепак (чест.)

Сепак, некој нѐ гледа, велам и ни се полнат со месо забите и непцата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Срцето ѝ играше од радост, не можеше да замисли да потоне во сон...дури многу подоцна, во мугрите на изгрејсонце, слатките соништа сепак нежно ја освоија.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Го засакав вашето пишување и свежината на оваа книга со многу хумор во сепак мошне тешката епоха за сите одгледувачи на кози...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
И војна во оној априлски ден кога се увери дека поднаредникот сепак имал веѓи над слепите очи.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но најнепријатно беше сепак сознанието дека не само шпиончето туку и мене ме измачува слично сомнение, а тоа значи дека во горчливите прекори на оној пакосен глас има и премногу мои зборови!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сепак, тоа беше првиот меѓународен акт што се однесуваше за Македонија и врз кој се засновуваа сите натамошни акции на Македонците во борбата за национално ослободување.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Братучедите сепак ја отворија портата и тогаш кучињата им се пуштија на месо.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Но човекот е сепак тој кој управува со својот живот но и со животот на сите суштества што го придружуваат. Дај боже да грешам!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така велат доселениците од Македонија за пропаѓањето на Венеција: ако било пишано да се пропаѓа, тогаш нека се пропаѓа барем отмено, сосе Венеција - живо сведоштво дека на селидбите на Македонците сепак не им се гледа крајот и од највисокиот морски светилник
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сепак, бришењето на оваа одредба не доведе до намалување на надлежностите на органите надлежни за спроведување на инспекцијата на трудот.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Впрочем оваа прикаска сепак, имаше продолжение што ќе ја исцели. ***
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Сепак знаеше и често велеше дека за човека е најдобро место она каде што најдолго живеел, средина со која се сродил.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој подлец изгледа го имаше веќе здогледано наближувањето на непријатностите па сепак, во огледалото, со чудна ноншалантност си го бришеше со белата мека крпа измазнетото лице , а потоа не го прескокна и она долго размачкување на помадата по образите и по челото без да стори ниту еден неприличен гест, или барем да побрза и да ми се тргне од пред очи, како што постапуваше многу често.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ги викна еден ден и им кажа како тој знае дека тие сепак Мартина го задеваат.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Сепак, треба да се истакне дека претходното постоење на оваа одредба фактички значеше дека по никој или речиси по никој основ работникот кој останал невработен не може да оствари право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
И имајќи го предвид заклучоков, произлегуваше дека моето ѕиркање низ клучалката сепак било непромислено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сепак, сѐ уште во мислите на научникот не се беше скинала жичката на задоволството од сѐ она што го сметаше за свој личен придонес во осветлувањето на темата за сенките.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тато одбираше небаре многу се разбира во инструментите. Најнакрај сепак побара помош од продавачот.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сето тоа го знаеше, и сепак, звуците ја имаа таа сила да ја раздвижат крвта на осаменикот со пријатна илузија за она што најмногу не му недостасува и за што страдањето вака тешко се поднесува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Биди тажна. Несмирено плачи Солзата е сепак една радост оти болот може да се рече.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Повеќе