сепаре (ср.)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Се јавуваше по клубовите да резервира сепаре, мавташе со мозокот на сите страни сакајќи да се докаже пред девојките.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
За миг беше во искушение да влезе во едно од сепарињата со чешми и веднаш да го прочита.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Братучед му добро го познаваше местото – самоуверено влезе и седна на една празна маса во темно и зачадено сепаре во левиот агол.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Ме остави позади пластично перде во едно сепаре, да го речам, и јас се подготвив.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Кога одекна плускот на шамар, неколку од нив одеднаш станаа, возбудено погледнувајќи кон сепарето, но Тихомир ја испружи раката пред нив како рампа, давајќи знак за смирување.
„Полицајка в кревет“
од Веле Смилевски
(2012)
Нѐ чекаше на задниот влез. Потоа нѐ внесе на горниот дел каде што беше одделот за Вип гости и навистина сепарето го делеа со раперот кој Лима просто го обожаваше.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Таласот некако проаѓа додека ја чекаш раздраганата и лепршаво–буцмаста хостеса да те паркира у некое сепаре.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Велат дека таму, во сепарињата на таа кафеана, се плетела и се расплетувала темната страна на нашиот живот, а тоа беше животот на многумина злосторници, кои наеднаш ќе осамнеа како убијци, како учесници во злостори, како уценувачи на видни граѓани кои на некои други видни граѓани не им се допаѓале.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Ме молеше да отидеме во дискотеката „Парк“ каде што седеле во сепаре со двајца многу познати пејачи од македонската естрада.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
На Ило ѝ беше симпатичен, па ѝ реков дека ми е итересно и може да седиме во неговото сепаре.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Евтина светкава дискотопка се вртеше во средината на салата, а кога очите му се навикнаа на темнината, тој виде дека местото е полно со мажи, сите седнати по двајца-тројца во сепареа слични на нивните.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Гости имаше и по сепарињата. Многумина од нив дури и за првпат ги гледав.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Почна да се подместува во сепарето, а тој забележа дека над горната усна почнаа да му се собираат капки пот.
„На пат кон Дамаск“
од Елизабета Баковска
(2006)
Се вративме во сепарето, а таму Стомачето тагуваше зошто не беше дел од главната претстава.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Седев во сепарето, мирно и достоинствено.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)