септички (прид.)
Надвор здодевно ромори дождец, теренот станува лизгав, постои и реална опасност да се излеат септичките јами, постојат и други опасности, колку да сакаш.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Зар апсурдноста на повикот од еден државен систем со кој не се идентифицирам може да ме регрутира и да ме испрати на фронт каде ќе ми ги истурат цревата за цел која ми е далечна колку и септичките јами во некое од предградијата на Рио де Женеиро, може да се нарече морален, а моето дрогирање да се оквалификува како неморално?
„МАРГИНА бр. 26-28“
(1996)
„Невесто, потивко пуштај ја чешмата дека со септичка јама сме, бргу се полни, а камионот (гомнарка) не може да се симне до кај нас, ах, мака мачиме со водата, а и ти при толкаво езеро, в купатило се капиш!“
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Творам септички јами во сопствениот разум.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Или со смрдеата од некое соседно буниште со ѓубре што прегорува или од некоја септичка јама што ја отвориле заради чистење.
„Балканска книга на умрените“
од Мето Јовановски
(1992)