сесловенски (прид.)
Но под притисок на макартиевската хистерија и антикомунизмот, кога и најмал знак на пријателство со комунистичките земји бил доволна причина за анатема и кривично гонење, Американскиот сесловенски конгрес престана со својата дејност.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)
Просветниот кадар, за да им докаже на сесловенските просветители (кои биле од македонска народност, како што пред некој ден нѐ информира една телевизија) колку ги цени, организираше журка.
„Филтер Југославија“
од Константин Петровски
(2008)
Веројатно затоа Светите солунски браќа Кирил и Методиј па и нивниот претходник големиот македонски и сесловенски просветител, историчар и поет Трп Руен, и големиот македонски и сесловенски просветител, научник, преведувач и основач на Охридскиот Универзитет Климент Охридски, ги користеле како извор ( птототип) за составување на средновековните македонски азбуки: руеницата, глаголицата и кирилицата!
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Во тој период поголем дел од раководството на Американскиот сесловенски конгрес било затворено или екстрадирано.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“
од Тодор Чепреганов
(2012)