сешто зам.

сешто (зам.)

Сум се замислувал како голем јунак, џин кој ја убива седмоглавата ламја и ја спасува кутрата кралска ќерка... Сешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Сешто може да ти текне на враќање: и дека владетел на планините е она страшило од птица, плус змија ѕвечарка и дива мачка, кое што те посматра со ледените камени очи уште од првата ти стапка по Светлата патека.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Тој мирис на сеното, тие звуци што навечер никнуваа наоколу, во самата плевна, во буковата корија, во папратот зад плевната, тие ѕвезди што се гледаа низ отворот на вратата, тој чуден опивлив ноќен планински воздух што го дишеше и му се насладуваше и ти се чини дека сѐ е вечно, нема почеток и нема да има крај, и ти се живее и ти се постои и би сакал да бидеш насекаде, со сешто, засекогаш...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Барабар учествуваше во приготвувањето на сѐ и сешто, само не во неговото трошење преку зимата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
13. Кога сонувам јас не сум во кома И сепак дослушнувам нешто од она што се зборува околу мене А зборуваат луѓето сѐ и сешто И понекогаш дури ми е непријатно
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
На островецот, во поширокиот манастирски двор, крај патот и секаде каде што нашле погодно место, изнаредени се тезгиња на разни прематари каде што може да се купи сѐ и сешто;
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
За разлика од неа, Америка е како некој голем казан во кој се крчка сѐ и сешто: и големи градови, и карпести планини, и длабоки кањони, и бескрајно долги брегови, и огромни шуми, и езера со големи водопади, и непрегледна прерија... а пак нејзиното небо е капак на сѐ!
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Светот е полн со убавини, светот е полн со сешто, па ајде да делиме братски, за сите да има по нешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Кални улици се спуштаа од станицата. Небото надурмено - росеше по малку и сешто морничавеше од обилна студена влага.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Сешто тргнало по мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Улицата малку го збунува. Застанува, почнува да гледа наоколу, испитува сѐ и сешто и се дуе.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
- И ние сешто сонуваме, ако не си знаел. Ќе ги благословиш младенците пред олтарот на Гаврил Лесновски и готово.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Веднаш почнува да чита:...зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...треба да имаш доволно шапки...(со левата рака го зема преполнетиот пепелник)...знам дека постојат големи слабости...случувања имаат свој од...(ги истресува догорчињата во ќесето врз компировите лушпи и неуспешните страници од огледот за Калвино)...ги броиш пукнатините на таванот (навистина ги има)...чувствуваш ли како од овие писма се ткае приказна...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
„Зад твоето лице постои сешто, зад моето лице е и твоето...
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
И кога се насити секој, со децата смеа почна; плапотеше сешто.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ти пожелувам многу успех и постигнување на сешто за кое отиде во Париж.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Љ беше многу побожна и имаше дебел газ. Често одеше во црква да се моли за сѐ и сешто.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мајката Перса цврсто чекори како да има војнички чевли на нозете од мислата во неа која ѝ го шири срцето од храброста на мајката Роса што можела сама да ги води овие пет моми по патот на животот послан само со трње, од нејзината непрекидна борба со сѐ и сешто само тие да не ја почувствуваат горчината од отсуството на таткото!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Зборувајќи сешто, без многу да размислат некои од македонците, понекогаш како намерно да си создаваат сопки на самите себе си: се увредуваат како нација, се понижуваат пред другите, сѐ со цел да му угодат на гостинот или соседот, величејќи го него од почит или не знам од која причина?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
А во Истанбул се печали од сешто.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Повеќе