симптоматично прил.
симптоматичен прид.

симптоматично (прил.)

Со ова, практично се допушти, пред сѐ од страна на државните органи, морално недопустливо, да се утврдуваат паузи при работа со странки, што е редок компаративен случај – бидејќи не е целисходно вработените во државната администрација да одат на пауза „сите заедно“, туку така што барем еден од нив ќе остане да работи на шалтер или во отворена канцеларија за прием на граѓани, а своето право на пауза ќе го оствари порано или, пак, подоцна од другите свои колеги; б) симптоматично е тоа што со новиот ЗРО (2005) се избриша експлицитната превентивна одредба, којашто предвидуваше дека работникот не може да се откаже од правото на платен дневен, неделен и годишен одмор, ниту тоа право може да му се ускрати (чл. 51, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Симптоматично е тоа што настанот мистериозно беше изоставен и од евиденција во полицијата, иако како што видовме погоре беше благовремено пријавен од страна на самата болница!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
а) Во делот на материјалната одговорност на работникот, односно надоместот на причинетата штета, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) се избришаа трите члена кои подетално ја регулираа процедурата за утврдување и наплата на штетата: •  веќе не постои експлицитната одредба која предвидуваше дека работоводниот орган, или органот што тој ќе го определи, покренува постапка за утврдување и наплата на штетата.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ова и беше сторено, усно на записник пред судот, на последното рочиште, во декември 2009 – но, симптоматично во целиот овој случај е тоа што адвокатот воопшто не ја извести Триманова, како негов ополномоштувач, за вака постигнатата спогодба меѓу него и застапникот на работодавачот – па таа, за цело време, мислеше дека парите кои ѝ се исплатени на нејзината трансакциска сметка [околу 130 ЕУР], на име испратнина, се по основ на донесена судска пресуда!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Понатаму, симптоматично е тоа што е избришана експлицитната одредба која предвидуваше дека работникот кој засновал работен однос на определено време има исти права и обврски како и работник кој засновал работен однос на неопределено време (чл. 25, ЗРО/03 – Пречистен текст) – што, во праксата, се одрази врз правата на поранешните работници, кога тие ќе останат без работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Во овој случај симптоматично е и тоа што дополнително се појавува проневера со сопственички акции – но, за која сѐ уште нема конечна судска разрешница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
б) Во делот на материјалната одговорност на работодавачот, симптоматично е тоа што со ЗРО (2005) е избришана експлицитната одредба којашто предвидуваше дека, доколку, во рок од 15 дена од конечноста на одлуката, работодавецот и работникот не се спогодат за надоместок на штетата, којашто му е предизвикана на работникот, тој има право – со тужба, да бара надомест на штетата пред надлежниот суд (чл. 112, ЗРО/03 – Пречистен текст).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
5.  Во поглед на општата практика кај македонското извршно право, во овој домен симптоматично е решението за т.н. „орочување“ на правото за поднесување барање за извршување.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)