синдром м.

синдром (м.)

Ќе ти влезе во свеста ќе ти се пикне под кожа ќе забега во зоната на интимата и оп, еден ден ќе му појде од рака да го состави она што ти си го скршила да го препише она што ти си го избришала да го ископа она што ти си го потиснала длабоко во тебе, со луд ум на лавина да го открие она што си го забранила за јавна употреба;  ќе ги размрсува и повторно ќе ги замрсува знаците-јазли на твојот личен и на македонскиот синдром ќе си поигрува со преобразбите од дамнини до иднини од лично до колективно ќе ги претвора софистицираните искази и поетските евокации во егзистенцијални слики за да ја долови речито сочноста на твоите исконски мори на твоите детски занеси на твоите судбински застранувања;  можеби ќе те надмине со помош на вродената смисла да глуми да ја игра улогата на другиот да се губи во другиот небаре голтнат од ништото.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Јас тоа го наречувам синдром на славјанската мазохистичка душа.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Тој беше обземен со синдромот да ја има книгата, секоја книга која го пленеше сакаше да ја види, да ја поседува, додека читањето го одложуваше за други времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Жртвената машинерија до синдромот на самоуништувањето, идеја на честа кај народите на Балканот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Границата беше и симбол на незапрениот балкански синдром за жртвување и саможртвување.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
И тој не можеше да се ослободи од истиот синдром на враќањето...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тие добро го познаваа балканскиот менталитет во кој беше всаден синдромот на самоуништувањето, на проклетството, кога му е арно на човекот и на народот со козите, да му умре козата на соседот без длабоки, суштински причини.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во Ласиќевиот модел на узорна интелектуалност доаѓа до израз синдромот на добронамерната конструктивност кој на виделина го изнесува стариот копнеж по привилегираната општествена улога на интелектуалецот, по онаа улога што во општеството ја играа чудотворците и шаманите, пророците и свештениците - сите оние чијашто задача се состоела во тоа празнината околу која се конституира општеството да ја исполнуваат со еден провизориум од пророштва, митски приказни и религиски слики на светот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тито не можеше да се ослободи од синдромот на владеењето.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Посебно беше тешко како амбасадор во неврзана земја да се бранат идеали кои во земјата беа згаснати, а неврзаните веруваа сѐ уште, а во некои земји постоеше и култен однос Следеше, како и многупати во историјата, новиот пеколен круг на жртвениот синдром!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Жртви на синдромот на самоуништувањето? На проклетството?
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во овој најнов роман, Старова, кој веќе е познат како мајстор на прозната реч, се решава на една експериментална наративна постапка: со минимум дејства во наративната арматура, да ни состави романескен мозаик за нашиот балкански вавилонски синдром.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Земјата која ја претставував бавно влегуваше во делбената фаза кога се појавуваа првите националистички синдроми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И така, сонот на моето среќно враќање во родната земја се судри со морничавоста на идеологијата која не престануваше да ги меле човечките души и животи и се закануваше да достигне до синдром на невидено жртвување.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Околу нас луѓето достоинствено ги тротоаризираат своите болести: асфалтна болест, алергија на чисто, провинциски синдром...
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Таква беше агонијата на генерацијата која сакаше да го овековечи своето владеење, обземена од несопирливиот макијавелистички синдром.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сѐ си остануваше исто, само се менуваа облиците на жртвувањето. Синдромот остануваше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Сепак би истакнал неколку битни разлики помеѓу ова англо-саксонско сапунче и Касандра синдромот со кој што живееме во последните седум-осум години.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Новото поглавје требаше да се однесува на митот на балканското самоуништување, познат и како синдром на ликвидации од кој не беше ослободен ниту еден од балканските народи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Вашата паралела има длабока логика: некогашниот пролетерски тоталитаризам во името на човекот низ жртвениот синдром посегаше кон животот на милиони луѓе.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Повеќе