синевина ж.

синевина (ж.)

Некаде над мене, над куќата, прилично далеку, синевината некако се згуснува во една точка. Сѐ повеќе и повеќе.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Времето минуваше. Залезот на сонцето го облече пејзажот во ново руво. Синевината и таа како да заоѓаше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
А со неговиот поглед во таа синевина одеа и сите молитви на сѐ живо на овој остинат свет кон тој усвитен, далечен бог.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во небеската синевина поигруваа зраците на сонцето, а утринскиот ветерчок ја мрсеше косата на витките палми.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Погледнав од терасата која скалесто се спушташе кон градината. Морето блескаше со својата синевина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во големиот син бескрај со сликите на Шагал, во таа синевина во кое се мешаа земјата и небото, гледав семејства со кози, како патуваа во облак.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Беше една речиси непозната синевина, во која би можел да гледа по цели денови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Да, Арсо вдахнува доверба, и со движењата, одмерено вешти, и со ова тенко бледо лице на млад благородник и со ведрата синевина на очите, и со необичниот акцент со којшто ги изговара француските зборови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но сепак ведрата синевина над главите успокојуваше и ги поврзуваше душите со светлиот бескрај.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Сега неговото лице се разведруваше, се враќаше јасната синевина на неговите очи што и нас нѐ смируваше.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Марко се свртува и гледа: разградено е лозјето, по меѓата расте млечка и ниска капина, малку погоре се накрева камењарот до подножјето на суриот рид, а над ридот одвај се мрежи бледната синевина на небото, во која секаква појарка мисла избледува.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Махмуд Дарвиш, загледан во езерската синевина, во другата земја зад блиската граница, која не се гледаше во синото езеро, тивко рече: - И покрај мојата пасија никогаш не сум помислувал да напишам роман.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си го капеше своето лице во таа богата синевина, ги собираше со својот поглед сите нејзини заискрени и невидливи бели прашинки виделина, а еднаш можеше да го открие таму и сосема синиот и усвитен и полн круг на зимното сонце.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тој седеше на чардакот од сарајот што го доби во тврдината, и опулот, наместо кон небото, ги пребројуваше катните и покривните греди, небаре недостоен да се насладува од синевината.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Камените плочи во дворот беа мокри, како штотуку измиени и му се чинеше како и небото да е измиено, толку свежа и бледа беше синевината меѓу оџаците.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во нејзината топла душа, исполнета со синевината од која не можеше да ја раздели никаква граница.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка му и една ситна црномуреста девојка липаа над него, а неговиот поглед, далечен и туѓ, беше управен кон синевината.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Долната усна ѝ беше повлечена малку навнатре и секогаш влажна од истурените заби: носот грбав, кожата навистина свилеста, но со боја на шафран: а очите скоро белузлави од тенка синевина, со шарен темен обраб, кои се повлекуваа негде длабоко, викајќи те од далечина.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Очевидно поради неправилноста, тој зјапаше во лицето, кое во основата беше овално и со многу ситни црти, но со крупни очи, оддалечени едно од друго, и со синевина на див зумбул.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Повеќе