синило (ср.)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило на крилата белина.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Се плашела да се наведне над бедемите да не би да се види во езерското синило, во небесното огледало.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)
Се гледаат долу езерата глатки в далечина тиха, во синило млечно и ветерот носи уханија слатки за тие што овде почиваат вечно.
„Локвата и Вињари“
од Лазар Поп Трајков
(1903)
Водите беа кристално бистри, не толку длабоки, и го покажуваа езерското билно царство со преливите на невидени бои во кои царуваше синилото и зеленилото.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Синило ни го прави лицето.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Очекувавме, како секогаш кога ни беше тешко во животот, утеха од неговиот благ поглед, од тоа блажено синило на погледот што смируваше, оддалечуваше од тешкото време.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Јаснотија ѕирка од зад синилото на хоризонтот. Јасни мисли, бистри, а на душа и намери чисти.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Синилото на алем-каменот се прелеваше во различни нијанси така што, на моменти, се чинеше дека нешто оживува во каменот.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Гулаби бели летаат во синилата во саксафонот од воздишки-шаренило, на крилата белина, сјаат...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Црвеното синило го изми жолтото зеленило. Безбојно виножито остана зад небото, некаде под погледот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Неговата батериска лампа ги фати и ги проблесна со живот, виножитата отскокнаа одново пополнувајќи ги сенките, со бои на сливи, малини и грозје, со боите на пресечен лимон и небото од кое облаците се одвеани, а синилото одново се враќа.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Небото немало ни капка синило на себе, земјата пукала под тежината на гревови, чиниш сиот свет бил содомско-гоморска арена на блуд, на измами, на пакост и среброљубје.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Со себе ја носиме топлата сончевина и синилото на небото, зеленилото на шумите и одзвукот на ѕвонливиот ветер, мирисот на пчелинокот и чембрицата, опојниот вкус на зрелите шумски јаготки и желбата што тука, под ведро небо и под сенката на бадемите не успеав да отспијам и да отсонам дел од детските спомени и најскришните копнежи и таги.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Трчаа меѓу дрвјата, лизгајќи се и паѓајќи, се туркаа едно со друго, си играа криенка, но повеќето подмижуваа кон сонцето сѐ додека солзи не им потекуваа низ образите, ги испружаа рацете кон таа златна боја и неверојатното синило, вдишувајќи го свежиот воздух и без здив ја наслушнуваа тишината што се протегаше околу нив, како прекрасно море без звуци и движења.
„Лек против меланхолија“
од Реј Бредбери
(1994)
Како да очекувала најпосле да се спушти по козји патеки нејзиниот врсник Лозан Перуника, да остане крај неа или да ја поведе кон невиното синило на далечините.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Го слушам твоето срце како своето, го гледам твоето синило во зраците на изгрејсонцето, се бранувам во очите на брановите, а се огледувам во душата на длабочините.”
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Гледа Богдан низ вратата кон небесното синило во кое му се чини како да му се отвора небесна врата и тој полека по воздушни скали се искачува кон неа.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
Но капка негова крв останала на небото. Се измешала со синилото и станала лилава.
„Пупи Паф во Шумшул град“
од Славко Јаневски
(1996)
На синилото лежат белите пластови, како на сино сликарско платно.
„Мудрецот“
од Радојка Трајанова
(2008)
Гледаше во залезот на сонцето како ги истура последните зраци во Езерото, менувајќи го синилото на водата во потемни нијанси.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)