синхронизиран (прид.)
Софија е еден синхронизиран парк, зашто овој град го красат 500 паркови и затоа се чини дека таа е сместена во пазувите на некоја голема шума.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Последниот од нас, во спортски гаќички и мајца, наизменично изведуваше гимнастички вежби, синхронизирано со вресоците.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Многу често ми недостаува насмевката на вујко ми Пане Скендеров. Звучна и синхронизирана.
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Од такви трауми човекот откако ќе се соземе се движи во грациозен синхронизиран ритам со светоста на новиот ден.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)