сипаничав (прид.)
Се оддалечуваше од сипаничавиот полумрак и од сенките во него и копаше во себе, на чија страна е нејзината врела крв, сега, кога во исто време им припаѓаше на обајцата, на тој студен и благ Иван со долги нозе на јак ждребер и на исклештениот гамен и бог со жолти прсти од ефтини цигари, сега, кога претпоставуваше едно искричаво судрување и преместување, едно замрсено и нејасно зло.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Стрелецот, не стасувајќи повторно да ја наполни пушката, се исправил од зад сипаничава карпа и потрчал кон недалечно дрво за чија гранка со узди бил врзан оседлан белец.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се покажувам и јас во собата и шетам со очите: на една кожна фотелја седи русокос мајор, на бирото полковник, а онака, настрана, уште еден мајор со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сипаничаво лице, од кое гледаа две ситни очи, чиниш полеани со зејтин, му беше ветено на некој светец.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Сипаничавиот Јован-Стојче Столетников ја барал во својот појас секирата и не можел да ја најде.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Кога Марко и Едо влегоа внатре, од собичката во аголот излезе еден човек налик на плашило за чавки, целиот свиснат врз самиот себеси, со конзерва пиво во едната рака и со другата напикана во големиот џеб од елекот облечен на голо – слаб, со испиени образи како да гладува, подвиткан, со сипаничаво лице и ретка, права, немиена, пуштена руса коса што му паѓаше на сите страни на лицето.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Им се сторило дека онде кај што нема умирања ни животот нема целосно значење - дури и од пепелта на шумските огнови никнуваат сипаничави печурки- смрчки.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Како пред него да беа сите оние порочни грозоморници од времето на некој негов кој знае кој и каков дедо што со браќата донесол од прекусвет, од некој град на Турција, проказа, порочни грозоморници: сипаничави измамници со преостри ноженца под антериите, грешни старци со мирис на лој во брадите и момчаци со навики по кои лудуваа тие старци, цицачи и голтачи на ашиш, просјаци што ноќе стануваат убијци за дупнат грош, играчи со зарчиња, продавачи на деца и крстени девојки.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Потоа одмавна со рака и седна крај оној со сипаничаво, меко лице.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Од старост или од жал по стопанот, во една ноќ пцовиса и Благоевото куче Клисар, а ќерка му, сипаничавата Савка, се омажи во своите триесет и две години за еден вдовец со пет деца, во некое село, чинам, Челопек.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Едниот беше ситен и неспокоен, во туѓа износена облека, другиот полн, мек, сипаничав.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Гаварите по руски? — Не, велам. — Милате тин елиники 29, прашува мајорот со сипаничаво лице.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Сапуницата му се сушеше на лицето - еве го, сипаничав воденичар! - само нешто во него е темно: попот се нишаше по својата сенка додека помеѓу кусите ногавици и чевлите со излижани топуци блескаше голо и бело месо.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Истовремено, од него дуваат „ледени ветрови“, има „рибја уста“ од која се цеди „леплива магла“; кожата на лицето му е „сипаничава и рапава“; и постојано молчи „како нетмур“ кој „никако ни да ги проголта, ни да ги исплука“ зборовите и мислите.
„Захариј и други раскази“
од Михаил Ренџов
(2004)