сирење ср.

сирење (ср.)

Устата пак ми е преполна со младо сирење набабрени јаболка и зрели црешни и пак ми се чини дека на стариот стрвник сепак му недостасува последниот залак.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Попот се поздрави со мудурот и другите Турци, му направија место на чело на софрата, на која веќе беше поставена и една погача ненакршена, саани со есенско сирење, а дедот Петко си го држеше пагурчето готов да го благослови идниот брак. ***
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Затоа овие сомуни леб и сирењето ги хранеа нашите сужни и физички и духовно.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Повеќето од нив имале пушки и кубури, запленети опинци и нешто пари, барут, тутун и јадење - леб и тврдо планинско сирење, додека другите, оние понеснаодливите, се задоволиле со јатагани, ками и ножови.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Куќата ѝ светна. Таа му меси погача на Стоја, му напржи месо од крмнакот, му ја наполни залупката со месо и сирење, пагурчето со ракија, зоб за маските.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
За десерт секогаш јадевме од незаменливите француски сирења.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Куклите се испоизгледаа како црни мачки пред сирење.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Невестата Менка ја распали борината на светелникот и отиде во земникот да извади маст, сирење и некоја пиперка да запржи на тавата за гостите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Извади во едно паниче сирење, па седна крај разгореното огниште, и не чекајќи ни малку да остинат, ги подбра компирите и не ги остави додека не се наполни до гуша.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Имавме десетина овци и кози и произведувавме сирење, но ние јадевме урда и матеница, а сирењето го продававме за речиси ич пари...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мајка ми ја одврза салфетата со сирење и краешник и ми ја смести во скутот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Би си ја разгалиле душичката и со пилешка супа со рузмарин, а за десерт смокви со рикота сирење или најдобриот лек за да ја заблажите болката, парче чоколадна торта.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Набрзина ги нафрла работите во торбата и ја остави до вреќата со солта и тенеќијата со газијата и му рече на Бабовчето да постојат тука додека да го продаде сирењето, да земе пари, да му ги плати.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Мајка ми свари јајца, две парчиња леб ми намачка со маргарин, меѓу нив парче сирење, еден домат и сето тоа ми го завитка во бела крпа.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Па ми го позема фенерот и почекува и јас да слезам, Кледот е полн со бочви, со качиња сирење и маслинки, со вина и со друго.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Потоа дојдоа шницлите, по шницлите домашните колбаси и на крајот лангидите со сирење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Можеше да стане угостител и да држи кафеана со македонски специјалитети кои денес се нудат, како расолница со сечкана сува пиперка, растриен компир со праз, исто таков грав, бакардан со и без сирење, пиперки со урда и тие некои живи салати во качиња и буренца... на децата им се збоктисуваа, зашто се вртеа сѐ истите и истите, па можеби затоа ни денес не одат по кафеани.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
За лисицата и за гавранот што држел во својот клун парченце сирење?
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Планините реките, езерата и огништето дедово кај искри пламен во тенеќе кофа кај пуканки пукав, под крошните од црница тутун жолт, лист по лист си нижев... и овчарска торба со погача мека, сирењето зрело од баба ми праг..
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Повеќе