сиџил м.

сиџил (м.)

Сиот преостанат живот му го посвети на толкувањето на старите сиџили откривајќи ги нишките на прекинатите континуитети на бројни семејства на Балканот, со помешани корења, вери, судбини, семејства.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ме предложиле за орден за откривањето на сиџилите.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко можеше да покаже спремност за предлогот на Камилски да работат заедно врз регистар на главните идеи на османските идеи на Балканот коишто произлегуваат од сиџилите, како прилог на балканските историски идеи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сиџилот беше нецелосен. Фрагментот во кој се криела тајната на семејството.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Го допираше внимателно секој документ од сиџилите со своите долги прсти, како со пинцета, работејќи во најнеобичната балканска алхемиска лабораторија на идеи, во потрага по исчезнатото време.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Се адаптираше на секакви очила, но многу знаци од сиџилите не можеше да ги види. Се служеше и со разни лупи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Сега, конечно, ми стануваше јасно зошто беше беспредметно прашањето дали Татко ќе поднесе приговор до Архивот, па тужба за украдените авторски права за неговите преведени и објавени сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа чекаше да докапе и последната капка од шишенцето, па да му ги даде сиџилите, лимоните и лупата...
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Запрев над сиџилот врз кој имаше најмногу пепел и исто толку солзи. Лавиринт од пепел и од солзи. Сиџилот беше нецелосен.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беа дојдени млади и стари познавачи на арапската османица, историчари, толкувачи на таинствените битолски кадиски записи, односно сиџили, на кои Татко им го посвети целиот живот, како нивни откривач и верен толкувач.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во земјата, и покрај палежите за време на балканските и светските војни, и натаму во вакафите, џамиите, во подруми и тавани на стари турски куќи можеа да се најдат с уште стари отомански османски книги, ракописи, кадиски судиски записи, наречени сиџили, книги на едно заборавено време.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Работејќи триесетина години врз сиџилите, во битолскиот кадилак (од XV до XIX век), кој ги откри, ги систематизираше и ги преведуваше во триесетте најубави години од својот живот, па можеше да состави еден вид енциклопедија од поимите на исчезнатото време, но ова што сега го работеше со Камилски, можеше да претставува игра од неговите големи соништа на Балканот, како единствен калауз да излезе од самиот себе.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Вникнат длабоко во тајните на балканското петвековно време, благодарејќи на старите битолски кадиски списи (сиџили),кои што ги откри и на коишто им го посвети животот, свесен дека постосманското време на Балканот, во вековите што ќе следат ќе мине во борби за апсолутно докажување на посебните етнички идентитети од кои ќе настанат новите балкански држави нации.
„Граница“ од Луан Старова
Токму во тој период, во Архивот се подготвуваше печатењето на вториот том на битолските кадиски сиџили, под наслов Турски документи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Тој веднаш, незапрен од портирот, појде кон библиотеката со сиџилите, во која работеше Татко порано.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Па сепак не ги беше напуштил до крај, зашто секогаш кога остануваше обесхрабрен од потрагата по сиџилите, се препушташе на записите за јагулите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Климент Камилски Татковото откритие на сиџилите го сметаше за историски подвиг.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога влезе, тој се најде пред големата табла со клучеви за да го земе клучот од својата работна просторија која, во продолжение, имаше и мала библиотека, поврзана со депоата, каде што се чуваа сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Ова може дури и да се прифати, но, за среќа, не сте напишале: ги откри сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Повеќе