скандира несв.
скандирање ср.

скандира (несв.)

Братучедите ги запоткреваа рацете готови да почнат повторувачќи да ги скандираат зборовите што требаше да ги изговорат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
„Сакаме да го гледаме бесењето! Сакаме да го гледаме бесењето!“ скандираше девојчето, сѐ уште рипајќи наоколу.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Малиот праќа бакнежи. Кртовица завзема пози. Рајата надвор скандира и аплаудира.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Затоа и го викаа Козето, затоа и дечиштата му измислија песничка и дека беше малку шантрав во одот, небаре пајка, му скандираа: Анѓеле, Пајчето, кај ти се, гуските, да ти ебам мајчето.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)