скита (несв.)
Наместо под девет земји девет години пред тебе да ме закопаш Ти ме остави да скитам по патиштата Со сите да те барам и нигде да не те најдам - Така ме раздаде. Така ме уништи.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Мече беше без родители и се скиташе по улиците сѐ додека еден ден не го прибраа во детски дом.
„Бегалци“
од Јован Бошковски
(1949)
Така Церјан долги години скитал по светот со едно уво и умрел некаде во Бугарија...
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Налактени и со брадите втиснати во вкрстените дланки, замислени скитаат и дали сега, совладани со молкот, одново во мислите ги обновуваат изодените патеки, дали го одмотуваат клопчето на својата младост одмината во времето – невреме што се истркала низ големата удолница на чие дно се разбија и запустија големите надежи?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Така повеќе нема да скита. Ќе биде најсаканото милениче на светот.
„Читај ми ги мислите“
од Ивана Иванова Канго
(2012)
Кај жените се вратиле во она полумрачно доба кога духот на исчезнатата светлина сѐ уште скита над полињата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Ете, кукавицата земи ја. Таа е бездомник, скита низ гора и им ги брои часовите на старите луѓе.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Разговорот им секна. Молчат. Погледот им скита по дрвјето, по парталите од облаци што високо бродат над боровите.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Не приоѓајте му, Тој се крие во жиличките на тревата, Скита низ пустината и наслушува од која страна ќе надојдат водите, разговара со плодовите, неговиот глас за визглавје го ставаат во крошните на децата и во постелите на болните, неговата галија плови меѓу пусти острови расфрлани низ морињата на оние што останаа без сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)
Затоа, испиен и невозможно аглест под излитената мантија со боја на исчадено вишново дрво, го оживувал стравот на Откровението од многуглавата Библија: Фиданка Кукникова еднаш се заколнала на верност пред олтар а маж ѝ е жив, скита и се откупува од гревови негде, ќе му побелат очите од печал и копнеж, ќе се врати на своето парче камен во некоја од пештерите и ќе му се пожали на господа - делкав по светов крстови за твоја слава, зошто ме фрлаш во нови искушенија?
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Секој организам скита низ вештачка околина трагајќи по ресурси и апсорбирајќи ги во внатрешен резервоар.
„МАРГИНА бр. 29-31“
(1996)
ПАНКО: Мајката божја ги проколна Циганите да се скитаат по светот и да просат...
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Адет така било. Окото на мажот кон други жени не смее да скита.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
По друмови скитам, ама никако да најдам дом.
„Курвите на ѓаволот“
од Елена Велјановска
(2013)
Којзнае кај ни скита чупето, си велат сега дома, којзнае кај му ѕемнат ножињата, прстињата.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Се сонуваше како еден од тие волци, скиташе по снежната шума и се задржуваше на секоја повисока тумба, ја исправаше главата кон ѕвездите и завиваше.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Сите оние грди мисли што му се роеја во главата додека скиташе по стопанството и она што сѐ сакаше да ѝ кажува едноставно испари од неговата глава.
„Црна билка“
од Ташко Георгиевски
(2006)
На железничката станица долго ме гушкаше и ме советуваше: „Умен да си, бабин. Да не скиташ. Да не се тепаш. Да не правиш некаква беља.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Скиташе насекаде во спортска облека и дури на трицикл...
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Рута што скита низ морињата за да го пронајде твојот потонат сон.
„Љубопис“
од Анте Поповски
(1980)