склоност ж.

склоност (ж.)

Всушност преминот од глетки и звуци кон симболи и бројки е премин за кој оние со хуманистичка склоност тврдат дека не може осмислено да се спроведе потаму од удобството на физичката лабораторија, или можеби, паркетот на финансискиот пазар.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Јас немав таква склоност и ме заморуваа таквите карактери.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Куќата беше на местото на театаров. Оттаму мојата склоност кон глумата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ми се чини дека да не беше таа склоност да се бавам со минатите неуспеси, би направил корисни и, дури, можеби, и големи дела.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секако дека тие внатрешни, мошне консистентни визии со векови претставувале визионерски култови и сликари со мистични склоности.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури и Рафаел го губи, цртајќи ги нацртите за фреските за ватиканската Stanza, трпението за милност и достоинство кои и нему му стануваат напорни; во приказот на потопот се гледа склоност кон апстракцијата, радост и уживање во храброста, во насетената снага да се совлада не само убавината туку и Горгона, она стравичното.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таквата склоност се легитимира со „острумниот“ талент што не се чувствува врзан за класичниот канон.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Неговата должност - началник на морнарицата, не му пречеше да ја задоволува својата склоност кон литературата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ако уметниците денес лесно се категоризираат според нивното медиско претставување, Жилберт&Џорџ во Европа и Америка би биле протолкувани како Британски мајстори, а во Британија како забележителни ексцентрици кои во себе кријат многубројни опасни склоности.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сликата ги покажува необичните склоности на неколку генерации на тогашното, политички толку хаотично раздобје во Европа: склоноста кон настраното, ексклузивното, екстраваргантното, скриеното од онаа страна но постоечко во рамките на физичката, „природна“ стварност, па и за издвојување од друштвото, тежнеењето кон една посебна аристократска позиција.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Леон пак кај неа ги сакаше токму нејзината склоност кон фантазирања што толку недостасуваше во неговото семејство, светло-русата коса, правилниот мал нос, нејзиниот среден германски изглед. И нејзиното тело.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сѐ што требаше да направиш е да согледаш што те пали и да купиш порно часопис кој им одговара на твоите склоности, исто како кога одиш да купиш храна.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Говореше со многу почит и со чувство за својот покоен шеф кој ѝ овозможил убаво работно место со можности за вонредни приходи, благодарение на што можела не само покомотно да живее туку и да ги одржува и развива своите склоности кон убаво облекување, накит и поскапи парфеми.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Многумина геј- мажи, а и низа нивни пријатели и непријатели, одамна насетиле дека она по што геј- мажите се разликуваат од останатиот свет е нешто што далеку ги надминува сексуалните склоности и практики.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Слично беше и кога еден британски таблоид, сакајќи да го драматизира потресниот случај на некој „типичен, горопаден пивопиец и спортски делија од дваесет и нешто години, до уши зацопан во свршеницата“, кој станал геј преку ноќ како резултат на спортска повреда, објави дека првите загрижувачки знаци се појавиле не во облик на хомосексуален порив кај младичот, туку во облик на неочекувана незаинтересираност за резултатите од рагби, во вид на неспособност да разговара со пајташите арпаџици и некоја нова склоност кон саркастичност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Склоноста кон пишувањето Иван Точко ја почувствувал уште во годините на нижото гимназиско образование во Охрид, пишувајќи песнички, раскази, па дури и еден драмски обид.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Потоа Гринавејовото инсистирање на материјалната опипливост - неговата склоност кон румено месо, меснати тела, неизделкани лица и таквите телесни постапки како плукање или мочање - пред сѐ потсетуваат на разгоропадената, висцерална уметност на Џекоб Џорданс.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Имам јас некоја склоност да ги разбивам оградите, и тоа не само кога се во прашање другите луѓе.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Петре не го запикаса тоа веднаш, таа нејзина нарав и склоност да прави пакост на послаби од себе.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Го слушав како говори, сосема убеден во тоа што го говори, и почнував да се плашам; Лудвик, оној Лудвик што јас го познавав, немаше склоности кон мистицизам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Повеќе