скришно (прил.)

Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно?
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Скришно си пуши жената, па има фрка да не ѝ стегнеме тужба поради тутунскиот чад што продира во нашата дневна соба...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Дури некогаш доцна тие ги изнајдоа во себе и зборовите и прво прошепнаа по нешто тивко и скришно само за себе, додека по подот си играше одблесокот од вратничката на разгорената печка, која баботеше и потплуснуваше со металот што се усвитува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
По долги, меки ширини рамни магла се танка крева и по селата мали - заспали шумоли скришно врева.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Мајка ми се правеше рамнодушна ама беше нервозна и секогаш наосилавена на нас децата; баба ми нешто скришно го караше дедо ми, а дедо седеше сѐ понапикан во огништето со главата наведната и некако свртена кон ѕидот, како чиниш да пушеше кришум од своето луле направено од кочанка.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Шумоли - в срце тага налева за црноземните робја, шумоли скришно за мртви поља за села и градови - гробја.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Дамите со пудлици скришно гнетат кромид, патлиџани и печени пиперки и тоа го нарекуваат македонска салата.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
И така по некој месец од твоето раѓање, те донесе Профим скришно од Албанија и ти стана чедо на ќерка ми и на оваа куќа.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
На поминување го приметив шанкерот како скришно сипаше дупли шток.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На централниот дел од ѕидот стоеше порака, напишана на вешто изработен папирус, која почнуваше со зборови: „Кажи ми ангелу скришно каде да соберам сила искушениево да го скротам?
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
САВЕТКА: (која скришно од време на време ја подига главата и ја гледа што прави и се сретнува погледот со Антица).
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Секој ден, само скришно од него, издемнувајќи го моментот кога не можат да се сретнат, го правеше истото тоа и Пискулиев.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
ТЕОДОС: (Бришејќи го грлото од шишето скришно со шамивчето, прави лице како да треба да испие најодвратен лек. Отпива малце.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
- Немаме ништо скришно, - рече водачот на патролата.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
А ние, глупачки, само се кикотиме, скришно, да не видат Козаците.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Скришно од Никодина доби позначајна сума пари.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
До неа, како божем случајно излезена, се вртеше стројничката, која го погледна скришно и покровително му се насмевна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со огромно задоволство раскажуваше интересни анегдоти или интересни доживувања од неговиот живот, најчесто од периодот на неговите студии во Скопје: еднаш во текот на некое предавање по литература од страна на познатиот српски писател Бранислав Нушиќ (со влашко потекло, исто како Димовци, човек кој ја обожаваше Битола, неколку години живееше таму, дури и се ожени со битолчанка!), Петар скришно нацртал негов портрет – карикатура.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Изненадена од сопствените зборови, јас пак сфаќав колку е корисно на глас да размислуваш пред некого што гледаш дека му значи да те разбере и заради него ја кршиш лушпата на некоја своја замисла што скришно зреела, како ореово јадро во својот мрак!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Повеќе