скромен прид.

скромен (прид.)

Опомена следи, потоа казна, биди скромен, чесен,верувај во себе. Човек да видат.
„Илузија за сон“ од Оливера Доцевска (2013)
„Кој си ти, господине?” - праша со стравопочит скромниот битолски метлар на ладино, насетувајќи го одговорот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Услов е да бидеш едноставен, скромен човек, за да навлезе светлината на ангелот низ тебе.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е една од маѓесностите на нашата држава за чие создавање и јас го имам дадено својот скромен удел без кој таа ќе беше невозможна.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Добар начин на човек да му се посака добре дојде во неговиот скромен дом, си помисли.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По природа не сум баш многу скромна.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Скромниот семеен дом беше вила на три спрата и базен во кој течеше дејствието на филмот кој Бојана и Александар го гледаа.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Ме израснаа скромни и чесни родители.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На Велвет им беа потребни појачала, па повикавме неколку продавници и се обидовме да ги набавиме бесплатно, но сѐ што успеавме да добиеме беше скромен попуст ако платиме во готово.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Подоцна во ноќта Лит и Беренц, покрај чаша вино што ја испиваа во канцеларијата на командантот, се исчудуваа од каде на ова копно заборавено од модерната цивилизација, каде што луѓето живеат едноставен живот близок до природата, без малку како желките од ендемскиот вид царетта -царетта, постои, ете, и човек што толку добро говори германски и толку вдахновено говори за теми од музиката, философијата и теологијата, со стил од салоните на Хајделберг, а не од скромна митрополитска резиденција на еден речиси заборавен јонски остров.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Јас тука, од мојот скромен поетски опит, ќе се обидам само да си ги преповторам себеси толку познатите и толку значајните белези со помош на кои поедноставно сум си ги разрешувал своите бројни дилеми во процесот на создавањето на песната.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Нервозата на свадбата произлегуваше од сето тоа: од една страна од стравот на Хана како ќе се справи со обичаите на нејзината нова заедница, од другата, со фрустрацијата поради изневерата на родителите, но и од стравувањето на Леон како нивната врска ќе функционира и конечно, од немата запрепастеност на неговите родители и роднини за тоа како ќе се вклопи дојденката во нивниот строг и скромен начин на живот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Се вративме назад, со мисли скромни и убави слики на прекрасно Мавровско Езеро зеленосино, портокалови брегови од камења среберни со златни нишки, од тишина врева и ретки лица, вртипоп на брегот под камења тешки, и мирис на селски живот и смеа, недрата на Галичник, спокојно изведени.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Облеката и изгледот, освен се разбира оние на Леон, во неговото семејство беа традиционални, на главата машките членови носеа штрајмели, капи од кожув, на лицата имаа бради, а покрај образите им висеа долги свиоци коса, Шабат и годишните празници строго се почитуваа, а јадењата се подготвуваа по рецепти и начини едноставни и скромни, како на село.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Седната зад баба ми и дедо ми, за разлика од изразите на другите нивни фотографии, самите веќе завлезени во возраст што ја брише ведрината од насмевката, таа девојка со мазно, тркалезно лице од фотографијата, во нас гледа преку полуспуштените очни капаци со еден чуден, повлечен и скромен, а наедно бистар и настојчив поглед.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Четири скромни деца во нејзиниот скут, усложно клечат под некој свински бут.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
А му веруем на чоекот и мислам дека 90% погаѓа само што мојот скромен џебен буџет не ми дозволуе 10 минути да ги одрапам на телефонска линија.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
На паробродот пристигнало едно лице, придружено од двајца полицајци, и на затворениците им поделило скромна сума пари - помош од протестантската црковна општина во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но еве таа ја врти главата и го пренесува својот поглед и својата усмевка на мене, ме опфаќа сиот да не знам просто што да правам дури се слизга тој поглед по мојата скромна појава.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Повеќе