славејче ср.

славејче (ср.)

Душичето - растреперено славејче - миговно посакува да летне кон таа непозната светлина...
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Ко славејчиња од кафез ми се јавуваат низ ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Русата коса ѝ паѓаше по рамената покриени со сивкаста карирана кошула, а лицето ѝ беше ишарано со црвени пеги, кои можеа да се видат дури и во слабо осветлената малечка бина на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во длабочината се поткрева водоскок од златни славејчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Па дури и сивата карпа, на која славејчето никогаш порано не беше слетало, го погледна намуртено и не му дозволи да слета на неа.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Но откако се смири малку, откако сети дека топлината на сонцето, добрината на дабот, јасиката и целиот шумски свет му го топлат малечкото срце, славејчето срона таква чудесна песна каква што порано никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Вслушувајќи се во таа бучава во којашто се тушираше сончевиот ден и во песната на славејчето, како да се најде повторно понесен од матицата на планинската река што синоќа го однесе во тврд сон, а утринава го повикува и тој да потече по своето корито на денот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Срцето веќе ни пее како славејче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Славејче, птицо над птиците, ќе ми ги дадеш ли, мило, од твојот глас жиците?
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
А таа сега од една крајност премина во друга: им се насмевнува и кога треба и кога не треба, им потфрлува благ збор и кога треба и кога не треба, не им оди повеќе по петиците и не ги следи како порано, не плуска со камшикот низ просториите, не испушта грлени гласови како порано, ами постојано пушта музика од грамофонот внесувајќи весела атмосфера во Пансионот; ги повикува одвреме-навреме во канцеларијата да ги почести со пијалак, та кога ќе потпивне малку повеќе, лицето го расцутува од смеење и веселост и потпевнува со глас како славејче.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Александар му ја подаде банкнотата со ликот на генерал Стојан на обезбедувањето на вратата на Златно славејче.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Да си помогнеме во овие наши размислувања и со песничката: ЗА СИТЕ НАС За птица да лета, цвет убав да цвета, дрво да се виши, човекот да диши, чист ветрец да вее, јагненце да блее, чист снежец да вее, сончев зрак да грее, славејче да пее, дете да се смее - треба да умуваме, треба да ги чуваме: зеленилата, шаренилата, свежините и убавините - и ти, и тој, и јас, и ние, и вие, и тие, за мене, за тебе за сите нас!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Со Дарко обично се наоѓаа во Кабаре Златно славејче. Ноќниот клуб беше голема визба со неколку соби и еден дрвен шанк.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И тогаш од клунот на уморното, измрзнато и од болка натажено славејче, потече таква тажна песна, каква никогаш не се беше слушнала во гората.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Којзнае што се случуваше во душата на малото славејче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Славејчето посака некаде да се скрие, но знаеше дека никој не го прима, па летна низ дождот.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Славејче мило, слаткопојно твојот глас е бисер зора кога руди, Ела, песната твоја сакам наутро да ме буди!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Славејче ќе ни пее во куќава, велам, и одам, му носам вода.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Надвор прпаат прлици, кукаат кукавици, пеат славејчиња, сета природа е будна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ервехе како славејче го пеела италијанскиот јазик.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе